Црна хроника
Кумановец нападнал полицаец

Триесет иосумгодишен кумановец нападнал полицаец откако бил сопрен поради тоа што возел во спротивна насока, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил на шести овој месец, на ул. „Ленинова” кога полицаецот го запрел С.Л. кој управувал автомобил „пасат” во спротивна насока на движење,. С.Л. со нога го удрил полицискиот службеник во коленото, а потоа го влечел за десниот ракав од униформата.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Л. од Куманово за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, а од страна на судија одредена му е мерка притвор во траење од осум дена./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во Бардовци по судир со возило управувано од државјанин на САД

Во сообраќајна несреќа што се случила на 3 август околу 18:40 часот во село Бардовци, тешко е повреден 26-годишен мотоциклист од Скопје.
До несреќата дошло на крстосницата меѓу ул. „2“ и сервисна улица, кога се судриле патничко возило „Нисан Кашкаи“, управувано од 36-годишен државјанин на САД со престој во Скопје, и мотоцикл „БМВ“.
Повредениот е пренесен во приватна болница, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Сопруг ја нападнал сопругата и нејзиното семејство во Карбинци, користел и предмети

Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле 37-годишниот С.К. од селото Таринци, општина Карбинци, поради сомнение за напад врз сопственото семејство.
Според пријавата, С.К. во дворот на родителите на својата сопруга физички ја нападнал неа, како и нејзиниот брат, мајка и татко, користејќи остар и тврд предмет. Повредените биле веднаш пренесени во Клиничката болница во Штип, каде што на мајката и братот им биле констатирани тешки телесни повреди.
Напаѓачот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „Тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.
Топ
Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство, додека вториот осомничен му помогнал да го изврши обидот за убиство.
„На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил БМВ Х6 го попречил патот на Фолксваген голф 7 во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице. Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото“, соопшти обвинителството.
Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.