Македонија
(Видео) Костадинов: Мицкоски е пион на Груевски, кој од Будимпешта управува со партијата
Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов по седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на која се одлучуваше за пратеничкиот мандат на експремиерот Никола Груевски рече дека од денешната седница може да се увиди дека актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е пион на Груевски, кој од Будимпешта управува со партијата.
„Лицемерните Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно по којзнае којпат го бранеа осудениот криминалец во бегство Никола Груевски. Пратениците во комисијата не гласаа за одземање на мандатот на Груевски. Се потврди она што цело време го говориме, дека Мицкоски е само еден пион во рацете на криминалецот во бегство Никола Груевски. Во намерата да го одбранат, пратениците тврдеа дека бегството треба да се смета за оправдано отсуство наместо да повикаат на правда и да ги почитуваат законите и Уставот”, рече Костадинов.
Портпаролот на СДСМ рече дека опозициската ВМРО ДПМНЕ наместо интересите на државата посветена е само на заштита на криминалот на Груевски.
„Во ВМРО нема ништо ново. Бегалецот од Будимпешта ја контролира партијата, дава насоки и управува со неа. На државата ѝ е потребна конструктивна и стабилна опозиција која ќе се натпреварува со концепти и идеи. Опозиција која ќе се бори за правда и правичност, а не да се стави во функција на одбрана на криминалот. ВМРО денеска предводена од Мицкоски е ништо, ВМРО е полоша од кога било досега. Ги охрабруваме пратениците да се охрабрат од матрицата на Мицкоски и на пленарната седница да гласаат за одземање на мандатот на бегалецот Никола Груевски”, рече Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.