Црна хроника
Брокер присвоил туѓи акции и ги продал за сопствена сметка

Одделот за финансиски криминал при Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против лицето Р.И ( 30) од Скопје, кој се сомничи дека како брокер сторил кривични дела – “измама“, “фалсификување исправа“ и “перење пари и други приходи од казниво дело“.
Пријавениот којшто имал положен брокерски испит, кон крајот на 2010 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, го злоупотребил познанството со оштетеното лице и знаејќи дека истиот поседува обични акции во повеќе акционерски друштва од Македонија, купени во текот на 2007 година на Македонската берза за хартии од вредност, (за кои оштетениот вложил 2.122.311 денари или 34.509 евра), најпрво ја утврдил точната состојба на сметката на оштетениот искористувајќи го фактот дека неговата мајка, работела како брокер во банка во Скопје.Осомничениот, без знаење на оштетениот, до Централниот депозитар за хартии од вредност, доставил барање за промена на адреса на сметката на оштетеното лице со цел да ја смени постојната адреса на оштетениот и истиот да не биде известен од страна на ЦДХВ за настанатите промени на неговата сметка во ЦДХВ, при што запишал адреса на живеење во Скопје.Вака доставеното барање за промена на адреса на сметка било прифатено во Централниот депозитар за хартии од вредност и истото било спроведено, без да биде утврден идентитетот на подносителот на барателот за промена на адресата, бидејќи истото било сторено со прием преку телефакс од хотел од Скопје.Р.И., адаптирал и изработил лажно полномошно со вметнување на податоци од оштетеното лице во кое навел дека може да ги купува и продава акции кои оштетениот ги поседувал, а парите од продажбата да бидат префрлени на неговата трансакциска сметка. Ова полномошно го доставил до Брокерското друштво со што го довел во заблуда истото, дека тој може да располага со предметните акции, односно истите да ги продаде. Без согласност и волја на оштетениот Р.И. во периодот од октомври/ноември 2010 година во брокерската куќа од Скопје, со својот потпис дал повеќе налози за продавање кои биле веднаш реализирани на Македонската берза за хартии од вредност, преку брокерската куќа, по што откако биле порамнети сите трансакции и биле извршени сите продажби на предметните акции, на личната трансакциска сметка на пријавениот Р.И. во повеќе наврати, од брокерската куќа биле извршени уплати во вкупна вредност од 300.586 денари (или 4.888 евра).Разликата помеѓу износот кој го вложил оштетениот за купување на акциите (во 2007 год.) и продажбата на истите во 2010 година, дел се должи на паѓањето на цената на истите на Берзата, а дел на намерата на Р.И. истите да ги продаде во најкраток рок по било која цена за да се стекне со противправна имотна корист. Пријавениот, поголем дел од криминално стекнатите парични средства ги заменил за девизни средства во износ од 4.280 евра, на кој начин ги пуштил во легалниот платен промет. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
За една ноќ приведени тројца возачи поради возење во алкохолизирана состојба

Тројца возачи биле приведени за една ноќ поради возење во алкохолизирана состојба, соопшти МВР.
Во Кичево, на улица Борис Кидрич, полицијата запрела „бмв“ управувано од 26-годишен жител на село Зајас, кој имал 2,08 промили алкохол во крвта.
Неколку часа подоцна, во Куманово, полициски службеници го задржале 34-годишен возач на „смарт“ со 3,43 промили.
Во Битола пак, на улица Македонска фаланга, бил приведен 41-годишен жител на Средно Егри со 1,68 промили, откако бил запрен во „мерцедес“ со битолски регистарски таблиички.
„По целосно документирање на случаите, против тројцата возачи ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
На „Ќафасан“ приведено лице со мерка за издржување затворска казна

На граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница при обид за излез од државата, полицијата привела лице за кое имало изречена мерка за апсење од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на македонско-албанската граница, при обид за излез од земјата, лишен од слобода е З.Б.(62) од Гостивар.
– По извршени контроли, полициските службеници констатирале дека тој евидира со активна мерка „апси“ и дека има активна наредба од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 и „безобѕирно управување со моторно возило“, по член 297 од Кривичниот законик, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Лицето, додаде, е спроведено во казнено поправната установа „Затвор Гостивар“.
Црна хроника
Кавадарчани приведени за непочитување наредби од полицајци на фудбалски натпревар

Кавадарчани биле приведени за непочитување наредби од полицајци на фудбалски натпревар, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Вчерa во 18.10 часот и во 18.15 часот, на Градскиот стадион во Кавадарци, полициски службеници од СВР – Велес ги привеле И.П.(34) и Д.И.(28), двајцата од Кавадарци, затоа што за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК Тиквеш од Кавадарци и ФК Вардар од Скопје, не ги почитувале наредбите дадени од полициски службеници, се наведува во соопштението.
По документирање на настанот, како што велат од СВР Велес, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.