Црна хроника
Македонец во Тирана измамил Албанци ветувајќи им визи

Во Тирана е издадена потерница за апсење на македонскиот државјанин Васко Поп Ганов за кој има сомневање дека излажал над 500 албански државјани за наводно издавање на визи за Австралија, Нов Зеланд и Канада.
Албанските медиуми јавија дека над 60-сеттина жители на Тирана пријавиле измама од фирмата „Хелп Емигратион“ која била регистрирана законски од страна на македонскиот државјанин Ганов ( 47 години ).
Седиштето на фирмата се наоѓа спроти зградата на Дирекцијата на албанската полиција во Тирана, а според медиумите измамата е тешка најмалку 300 илјади евра.
Телевизијата „Невс 24“ јави дека Македонецот Ганов од Албанија пребегнал пред десетина дена, и не се знае каде се наоѓа. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.