Контакт

Црна хроника

Четворица осомничени во акцијата „Диригент“ во бегство

Објавено пред

Полицијата трага по четири лица, а кривични пријави поднесе против 16 лица по претресите извршени во вторник кај 18 лица, во Скопје, Велес и Куманово.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти во среда министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за време на меѓународната операција на полициите од Македонија, Австрија и Германија, биле идентификувани три криминални групи составени од државјани на Македонија и Србија, при што за обезбедени се докази за инволвираност во недозволена трговија со хероин на 43 лица, а запленети се околу 13,5 килограми хероин, околу два килограма кокаин и околу килограм марихуана.

За време на заедничката истрага во Австрија уапсени се 18 лица и запленети се 10 килограми хероин и споменатите количини кокаин и марихуана. Дополнително, одземени се над 30.600 евра и 900 американски долари, а во Македонија уапсени се девет лица и запленети се 3,5 килограми хероин.

Во првата криминална група како организатор се јавува 23 годишно лице од Мојанци кој заедно со пет лица од Арачиново, од Ченто и село Черкези организирале транспорт на хероин во три наврати од Македонија за Австрија.

Криминалната група најпрво набавувала одредена количина на дрога, а потоа ангажирала транспортери на истата кои со редовна автобуска линија Виена – Скопје ја пренесувале дрогата најчесто сокриена под влошките во чевлите.

Организаторот на првата група, ја координирал и втората, односно четирите лица од Арачиново. Истите во договор со лице што престојувало во Виена организирале транспорт на еден килограм хероин заради понатамошна препродажба. За купување на дрогата во Македонија се префрлени 3.000 евра преку брз трансфер на пари, а како примач на средствата е наведен еден од осомничените.

По добивањето на паричните средства тие го организирале транспортот, ангажирале транспортер, кој хероинот го пренел сокриен во ранец со дупло дно при што по неговото пристигнување во Виена од страна на австриската полиција пронајдени се и запленети нешто повеќе од еден килограм хероин.

При претрес во станот каде што престојувал примателот пронајдени се уште приближно четири килограми хероин. Во овој случај вкупно запленети се околу пет килограми хероин, а уапсени се две лица во Виена.

Припадниците на третата група, од кои петмина од Велес и еден од Неготино, во период од август до септември минатата година, се здружиле за организирање и вршење на продажби на хероин во Виена.

За таа цел создале своја организација составена од македонски државјани – кои имале улога на транспортери и улични дилери. Тие од земјава издавале наредби и инструкции за препакување и продажба на хероин, како и за места, односно улици, автобуски станици во Виена на лицата македонски државјани претходно ангажирани од нивна страна.

За улична продажба биле ангажирани три лица кои се уапсени во Виена за време на истрагата. Парите стекнати од продажбата на хероинот во Австрија во земјава од нивна страна биле трансферирани преку брз трансфер на пари на блиски роднини и пријатели.

Во полициската акција во вторникот учествувале 300 полицајци, а при претресите бил пронајден и еден гасен пиштол, една паковка бела прашкаста материја, документација за трансфер на пари и слично.

Вчерашните претреси се дел од акцијата „Диригент“, која уште од 2010 година МВР ја реализира со австриските и германските служби.

Полициската дирекција од Франкфурт, во текот на 2010 година во неколку одделни случаи заплени околу 30 килограми хероин, а Австриската околу осум килограми, при што беа уапсени 14 македонски државјани членови, а во текот на истрагата беа обезбедени докази за трансферирани парични средства во вкупен износ од 265.000 евра и 1.600 долари, кои од Германија и Австрија биле испраќани на повеќе членови на криминалната група во Македонија.

Во декември 2010 година МВР спроведе акција во која беа одземени повеќе автомобили, дрога, а беа обезбедени и докази за незаконските трансфери на поголеми суми на пари.

Во врска со операција „Диригент“ до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција кривично беа пријавени 40 лица за „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. /крај/со/ст

Црна хроника

Уапсен Британец на охридскиот аеродром: во неговата чанта пронајдени куршуми

Објавено пред

Вчера во 09:45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.Џ.Б.(40) од Велика Британија.

dobivaj vesti na viber

При гранични проверки, во неговата чанта биле пронајдени и одземени  три куршуми и четири чаури.

Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар Запад за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

17-годишник тешко повреден кога со возилото излетал од патот во Струшко

Објавено пред

Ноќеска во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот.

dobivaj vesti na viber

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Прегазен малолетник во Охрид

Објавено пред

Синоќа во 21:05 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Гаши: Одредбите не се докрај прецизни дали можеме со распишани избори да избереме Народен правобранител и претседател на ДКСК

Во претстојниот период предизвик за Собранието ќе биде изборот на нов Народен правобранител и нов претседател на Државната комисија за...

Македонија1 час

Салиу се вознемири од прашањето дали ќе си поднесе морална оставка по пожарот во Кочани и ги обвини новинарите дека му судат

Министерот без ресор, Шабан Салиу, кој од 2008 до 2017 година беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување и...

Македонија3 часа

Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Скопје се поврзува со уште пет нови дестинации. Од скопскиот аеродром се воведуваат летови до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и...

Македонија3 часа

Зголемен број туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…

Анализата на туристичкиот тренд во првите пет месеци од 2025 година покажува дека Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и...

Македонија4 часа

Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека Владата ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија...

Македонија6 часа

Активни три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи. До 06:30 часот на територијата...

Свет6 часа

Канада најави дека ќе ја признае Палестина

Канада има намера да ја признае палестинската држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни,...

Македонија15 часа

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион за нивниот криминал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“...

Топ19 часа

Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата. Имено вчера во 07.30 часот во...

Македонија20 часа

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа...

Топ22 часа

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија22 часа

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија1 ден

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет1 ден

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија1 ден

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...

Топ1 ден

Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ по интерпелацијата на Коцевски: На Македонија ѝ треба обвинителство отпорно на политичко влијание

Социјалдемократскот сојуз и ДУИ, вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана...

Свет1 ден

(Видео) Земјотрес од 8,8 степени за време на операција, докторите останаа смирени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до...

Свет1 ден

(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот Регион откога Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од...