Црна хроника
Обвинителство: Има цврсти докази за масакрот кај Смилковци
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на денешниот ден ќе поднесе обвинителен акт за петкратното убиство што се случи кај Смилковското езеро.
По завршената истрага, Обвинителството оценува дека има доволно цврсти докази за масакрот кај Смилковци.
„Доказите ќе бидат изнесени пред надлежниот суд, со кои ќе се докаже дека обвинетите навистина ги презеле дејствијата опишани во обвинителниот акт кои ги спојуваат битните елементи на кривичните дела кои се ставаат на товар“ се вели во соопштението од Јавното обвинителство до кое стигна Макфакс.
Според извори во Обвинителството, обвинението ќе биде поднесено во текот на денот и е во крајна фаза на изработка.
Во соопштението од Јавното обвинителство се демантираат шпекулациите во медиумите дека и е истечен мандатот на обвинителката во овој случај, Гордана Гешковска и други обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Од таму апелираат медиумите да не шпекулираат и со идентитетот на заштитениот сведок.
Во петок е последниот рок до кога Јавното обвинителство треба да поднесе обвинение против шестмината осомничени за масакрот кај Смилковското езеро, во спротивно обвинетите треба да бидат пуштени на слобода.
Во четвртокот беше направена реконструкција на петкратното убиство и беше комплетирана истрагата за овој случај.
Истражниот судија, Владимир Туфегџиќ изјави дека со реконструкцијата на која присуствуваа, истражниот судија, обвинители, адвокати и сведоци, се расчистиле многу битни прашања за овој случај.
Тројца сведоци кои досега не побарале статус на заштитни, како и заштитниот сведок Е-1, кој бил маскиран, објаснувале што се случило на кобното место.
Во текот на денешниот ден, истражниот судија најави дека ќе го предаде предметот до Јавното обвинителство.
На 12 април кај Смилковското езеро свирепо беа убиени четири млади момчиња и еден повозрасен маж.
Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим, се товарат дека се директни извршители на петкратното убиство, а Фејзи Азири и Рами Сејди се осомничени за помагање.
Тројца од осомничените се во притвор, додека Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се во бегство, а полицијата се сомнева дека избегале на Косово. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадец влегол во куќа во Битола, го затекнал сопственикот
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба против едно лице на возраст од 36 години.
На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.

