Црна хроника
Гостиварчанец загина во двор при пад од трактор
Жител на гостиварското село Неготино загина во саботата попладне откако во својот двор паднал под трактор, при што бил прегазен.
Жител на гостиварското село Неготино загина во саботата попладне откако во својот двор паднал под трактор, при што бил прегазен.
Според билтенот на МВР, во медицинскиот центар во Гостивар било пријавено дека е донесен починат Камбер К.(78) од с.Неготино, гостиварско.
Имено, Камбер К. во дворот од семејната куќа бил на трактор и се обидувал да вклучи друга машина, а кога ги ставал каблите од истата во акумулатор паднал од тракторот при што бил прегазен со задното тркало.
Увид извршила екипа од ПС Гостивар, а телото на починатиот е предадено на семејството./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

