Црна хроника
Двајца полицајци соочуесници во измама
Кривична пријава против четири од Скопје, меѓу кои и двајца вработени во МВР, поднесена е денеска поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „измама“
Полицајците со лажно претставување и лажно сведочење пред нотар и помогнале на една скопјанка на свое има да го препише станот, којшто и припаѓал на нејзиниот сопруг. Како што соопшти МВР, кривична пријава заработиле Ј.М.(41), К.П.(44) – вработен во МВР, М.З.(33) и Ј.М.(50) исто така вработен во Минситерствто за внатрешни работи. Измамата ја извршиле на тој начин што првоосомничената Ј.М., со намера да се стекне со противправна имотна корист (куќа којашто била во сопственост на нејзиниот сопруг Ј.Б., лоцирана на ул.„Софиска“) заедно со останатите тројца осомничени, со лажно прикажување на факти и со лажно претставување на пријавениот П.К. како да е нејзиниот сопруг, ја довеле во заблуда нотарката С.В. од Скопје која извршила заверка – Солемнизиација на договор за дар на недвижен имот. По ова, првоосомничената заминала во катастарот, каде што успеала да изврши запишување на промената на сопственоста на наведениот недвижен со приложување на солемнизираниот договор за дар на недвижен имот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување.
Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.
Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.
Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.
Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор поради грабнување и силување
Вчера, во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје.
Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.
По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.
Црна хроника
Претрес во Гевгелиско: пронајдена дрога и откриена импровизирана лабораторија
На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица.
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

