Uncategorized
Топ Спорт во Лондон: Чилеанец со македонско потекло, кој се гордее со тоа

Од Лондон (Вимблдон), Ненад Живановски
Себастијан Варела е 29 годишен новинар од Чиле, кој последните десетина години работи како тениски новинар (во моментов е новинар за порталот Клеј тенис од Сантијаго), иако не е фокусиран само на таа област.
Неговата професионална кариера е исполнета и со други понезабавни работни ангажмани од оние што ги носат спортските приказни и патувањата по најголемите мастер и грен-слем турнири. Во 2017. година ја добил наградата за истражувачка сторија, која ја направил со неговата колешка Наталија Кореја и која се однесувала на одредени неправилности во чилеанската армија.
Овој дипломиран студент по журналистика од престижниот Универзитет Католика во Сантијаго, го запознав сосема случајно на првиот ден од турнирот во Вимблдон, кога ја правев анкетата меѓу известувачите за нивните предвидувања кој ќе го освои овогодинешниот гренд-слем во Лондон. Еден од соговорниците ми беше токму и Себастијан, кој на самиот крај од разговоро се заинтересира од каде доаѓам и за кој медиум работам. Кога слушна Македонија и Макфакс, ме изненади со неговиот коментар:
„И јас сум по потекло од Македонија, моите предци се дојдени во Чиле од Монастири“.
Иако затечен од слушнатото, веднаш знаев дека имам уште една занимлива приказна од „Вимблдон, позади сцената“, која мора да биде споделена со читатлите на Топ Спорт и Макфакс. Во продолжение следи интересната исповест на Себастијан за потеклото на неговите предци и кога и зошто „отпловил“ нивниот параход од Битола за Чиле.
„Моето потекло е еврејско и моите предци се доселиле во Македонија од Шпанија во 15-тиот век, за време на прогонот на Евреите од католичката црква. Од тогаш, тие со генерации живееле во Битола, се некаде до почетокот на триесеттите години на минатиот век, кога на мојот прадедо, кој бил трговец, му се случила голема несреќа и во пожар му изгорел целиот имот. Поради тоа, тој решил да побара некое друго место за живот каде би го продолжил животот и би почнал да го развива бизнисот од почеток.
Некој пријател му кажал дека добра земја за трговија е јужниот дел од Чиле и тој решил да замине таму сам, додека неговата сопруга, а мојата прабада, со шесте деца останала да живее во Битола. После една и пол година и таа се пресилила со децата во Чиле и таму започнале нов живот од почеток, во градот Балдивија. Мојот дедо, а таткото на мојата мајка, бил седмото дете на прабабами и тој е роден во Чиле“.
Истражувајќи по своите корени, Себастијан открил дека многу од роднините на неговите предци останале да живеат во Битола и за жал сите страдале со почеток на Втората светска војна, кога Македонија била окупирана од бугарските фашисти. Голем дел од нив или биле погубени или однесени во концентрационите логори во Германија. Само еден подалечен роднина успеал да преживее.
„Гледано од подоцнежна временска дистанца, испаѓа дека несреќата на мојот прадедо да му изгори сиот имот, всушност била среќа бидејќи се отселил во Чиле. Во спротивно, најверојатно и тој со прабабами и нивните деца би страдале од нацистите“.
Во тоа време, поради семејната трагедија во Битола, но и поради состојбата во цела Европа во време на нацизмот и фашизмот, Чиле навистина претставувал ветена земја за нов почеток. Децата на прадедото на Себастија пораснале во Чиле, се школувале и почнале нов бизнис во областа на градежништво. Во раните педесети години ја формирале градежната компанија Намијас Херманос (Браќа Намијас), која денес е една од најголемите во Чиле.
Меѓутоа, колку и семејното стебло да почнало да се разгранува, а успешно водениот бизнис да пружа материјална сигурност, тие никогаш не заборавиле од каде се нивните корени и од каде стигнале во Чиле.
„Еден од моите роднини има пишувано книга за нашето родово стебло и семејна историја, која почнува од Викторија, мајката на моите прапрадедовци која живеела во Битола. Во таа книга има опишано многу детали од нивниот живот во Битола како и можни фотографии од тоа време. Сметам дека е многу важно луѓето да знаат од каде доаѓаат, и од каде им е потеклото. Тоа е причината зошто сакам да ја посетам Македонија“.
Културата на помнење е одлика на цивилизираните луѓе, а преку нив и на нациите на кои им припаѓаат тие. Дали посетата на Битола за Себастијан би претставувала само посета на уште еден град од многуте кои ги има посетено во својот живот или кај него ќе се роди посебен сентимент кога ќе прооди по улиците и сокаците по кои газеле неговите предци и кога ќе го види местото на кое била нивната родна куќа?
„Сигурно дека ќе имам посебно емотивно доживување. Некои роднини на мојата мајка веќе биле во Битола и ги посетиле деловите каде живееле нашите предци. Јас сум со авантуристички дух и многу сакам да ја посетам Битола и да чекорам по улиците за кои ќе знам дека некогаш во минатото тука чекориле и моите предци. И сигурно ќе го направам тоа. Сто проценти сум убеден“.
Како објаснува Себастијан, со кого од првиот ден почнавме да се обраќаме со „земјак“, веројатно поради неговото европско потекло, кога патува луѓето мислат дека е Италијанец или Грк, а не Чилеанец.
„Дефинитивно од сега ќе почнам да кажувам дека сум Македонец. Всушност, и порано често пати на мојот профил на Тиндер го ставав македонското знаме и луѓето мислеа дека сум од Македонија. Исто така, од сега понатака родниот град на моите предци нема да го викам Монастири туку исклучиво Битола“ – ветува Себастијан.
Разговорот го завршивме со верба во Бога за добро здравје и да се видиме на следниот Вимблдон, а потоа да се посети Македонија, и, секако, Битола.
До тогаш, како домашна задача, Себастијан прифати три обврски:
1. Да научи 100 зборови на македонски јазик.
2. Да научи да ја пее „Битола, мој роден крај“, и
3. Да се одлучи дали ќе биде навијач на Вардар или Пелистер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.
Uncategorized
(Фото) Врската со 11 години помладиот маж ѝ годи: го промени и начиниот на облекување поради него

Каде и да се појави, Џесика Алба предизвикува воздишки. Таа привлекува големо внимание од јавноста и со својот приватен живот, бидејќи по разводот од Кеш Ворен, таа започна романса со колега кој е 11 години помлад од неа.
Но, не е само нејзиниот емотивен живот тој што доживеа ренесанса… Нејзиниот начин на облекување исто така значително се промени, а често ја гледаме една од најубавите актерки во смели комбинации.
Неодамна имавме можност да ја видиме во атрактивна комбинација, а сега таа прошета по улиците на Њујорк во шик комбинација инспирирана од „old money“ стилот.
Jessica Alba Seen Out to Dinner at The Old Rose in New York City 09-18-2025
-> https://t.co/7GqKwBMA18 pic.twitter.com/3y4asNMojt— Tha Starz (@thastarz) September 21, 2025
Таа носеше бела маица и јакна со златни копчиња, а на комбинацијата додаде и лежерни фармерки и бели потпетици. Може да се каже дека нејзиниот стил е комбинација од модерно и елегантно, и совршено ѝ стои.
Едно е сигурно – Џесика Алба процвета по разводот!
фото: принтскрин