Контакт

Uncategorized

Почина Пина Бауш, револуцинерното име во современиот танц

Објавено пред

Германската кореографка Пина Бауш чие дело внесе револуционерни промени во областа на современиот танц, почина вчера во Берлин на 69-годишна возраст, само пет дена откако и‘ беше дијагностициран рак

dobivaj vesti na viber

Уметничкиот директор на танцовиот театар Вупертал беше позната по авангардните кореографии во кои правеше спој на танцот, звукот и фрагментираните наративи, а соработуваше и со филмските режисери Федерико Фелини и Педро Алмодовар. Неодамна беше објавена и нејзината соработка со режисерот Вим Вендерс. Својата професија таа ја започна во 1955 година, со соработката со највлијателниот германски кореограф Курт Јос, еден од основоположниците на германскиот експресионистички танц. Своето школување го продолжува на Џулијард во Њујорк во 1960-та, по што станува член на Метрополитен оперска и танцова компанија. Во 1962 Бауш му се придружува на Курт Јос во основањето на Народната балетска компанија. Во 1972 година таа станува уметнички директор на Вупертал. Телеграми со сочувство испратија голем број на истакнати личности, меѓу кои и заменик-канцеларот на Германија Френк-Волтер Стајмер и францускиот министер за култура Фредерик Митеран, пренесува Reuteurs. „Пина постојано ги ширеше границите на она што го нарекуваме игра“, изјави директорот на Хамбуршката танцова компанија. „Не можам да замислам дека таа би имала свој наследник“.

Фрагмент од нејзините кореографски дела може да погледнете овде



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Објавено пред

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.

dobivaj vesti na viber

На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.

Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.

Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Фото) Врската со 11 години помладиот маж ѝ годи: го промени и начиниот на облекување поради него

Објавено пред

Каде и да се појави, Џесика Алба предизвикува воздишки. Таа привлекува големо внимание од јавноста и со својот приватен живот, бидејќи по разводот од Кеш Ворен, таа започна романса со колега кој е 11 години помлад од неа.

dobivaj vesti na viber

Но, не е само нејзиниот емотивен живот тој што доживеа ренесанса… Нејзиниот начин на облекување исто така значително се промени, а често ја гледаме една од најубавите актерки во смели комбинации.

Неодамна имавме можност да ја видиме во атрактивна комбинација, а сега таа прошета по улиците на Њујорк во шик комбинација инспирирана од „old money“ стилот.

Таа носеше бела маица и јакна со златни копчиња, а на комбинацијата додаде и лежерни фармерки и бели потпетици. Може да се каже дека нејзиниот стил е комбинација од модерно и елегантно, и совршено ѝ стои.

Едно е сигурно – Џесика Алба процвета по разводот!

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Кадриу: Османи одобрил договор од 56 милиони денари за возила за ОБСЕ, цените трипати повисоки

Објавено пред

Претставникот на „Влен“, Арбер Кадриу, презентираше договор за изнајмување возила за потребите на Министерството за надворешни работи (МНР) за време на организацијата на министерскиот совет на ОБСЕ во декември 2023 година, нарекувајќи го „доказ за коруптивниот начин на кој работел тогашниот министер Бујар Османи“.

dobivaj vesti na viber

Кадриу истакна дека договорот е склучен на износ од 56.640.000 денари за само два дена настан, без механизми за контрола и потврда на бројот на ангажирани возила.

„Во него јасно се гледаат астрономските цени што државата ги плаќала: VIP автомобил 29.000 денари на ден, возило од средна класа 23.000 денари, а миниван 19.200 денари на ден, без ДДВ,“ рече Кадриу, посочувајќи дека само еден месец претходно истата компанија склучила договор со МНР за редовни потреби по цена од 9.500 денари за ист тип возило.

„Тоа значи дека државата платила три пати поскапо за исти возила, од истата компанија, во исто време,“ додаде тој.

Од ВЛЕН обвинуваат дека во договорот „нема записник или доказ колку возила биле користени, нема внатрешна контрола, ниту службена потврда на реализацијата“.

„Ова е класичен модел на излевање на јавни пари во приватни џебови. Ова е начинот како работел Бујар Османи како министер за надворешни работи,“ истакна Кадриу, додавајќи дека ваквите тврдења се нотирани и од Државниот завод за ревизија.

ВЛЕН бара отворање кривична истрага за сите лица вклучени во овој договор, како и активирање на Државниот завод за ревизија за целосна проверка на набавките во МНР за време на мандатот на Османи.

„Бујар Османи е должник пред граѓаните. Овој договор го потпишал во свој мандат и со свој потпис ја одобрил астрономската цена. Не може да се крие зад службеници и процедури,“ рече Кадриу, повикувајќи медиуми, граѓански организации и јавноста да го погледнат договорот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот...

Македонија5 часа

Пожарите стивнаа, остана само еден активен

На територијата на државата денеска до 18:00 часот има два пожари на отворен простор, од кои еден пожар е активен...

Свет6 часа

Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања,...

Топ10 часа

Превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (25) од...

Македонија12 часа

Со порака дека хероите живеат вечно откриена беше спомен бистата на полицаецот кој загина во дискотеката „Пулс“

Хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно и имаат само датум на раѓање, порачаа колегите на полицискиот службеник,Тоше Тодоровски кој...

Регион15 часа

Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото...

Свет15 часа

Украина го префрла производството на оружје во земјите од НАТО

Украинската одбранбена индустрија започнува со работа во Данска, обезбедувајќи им на производителите на оружје со седиште во Киев заштита од...

Свет17 часа

Прекинати медицинските активности што спасуваат животи во Газа, безбедносната состојба е влошена

Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради...

Европа1 ден

(Видео) Трагедија во Турција: туристка почина откако беше удрена од глисер додека пливаше покрај брегот на Кемер

Русинка загина на првиот ден од нејзиниот одмор од соништата во Турција, откако беше удрена од глисер. Линарија Музипова, 42,...

Свет1 ден

(Видео) „Ова е Америка на Трамп“: Агентите на Службата за имиграција уапсија барател на азил, ја фрлија мајката на подот пред децата

Видео кое стана вирално на социјалните мрежи покажува како агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) насилно се...

Свет1 ден

(Видео) Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

Маж со оружје беше снимен пред продавница „Волмарт“ во Флорида, еден од првите што ја искористи новата дозвола за носење...

Европа1 ден

Лукашенко: Путин има предлог за прекин на војната, Трамп го поддржува

Белорускиот претседател Александар Лукашенко по денешната средба со неговиот руски колега Владимир Путин изјави дека рускиот лидер ќе објави „многу...

Европа1 ден

(Видео) Германија забележа дронови на границата со Данска: „Истражуваме можна саботажа“

Министерството за внатрешни работи на северната германска покраина Шлезвиг-Холштајн соопшти дека беспилотни летала биле забележани во текот на ноќта и...

Македонија1 ден

Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот...

Свет1 ден

Трамп: Мислам дека можеби имаме договор за Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите во Белата куќа дека верува оти е многу блиску до договор за...

Свет1 ден

Зеленски на таен состанок ги побарал од Трамп моќните проектили „Томахавк“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од Доналд Трамп ракети „Томахавк“, на состанок зад затворени врати, објави „Телеграф“. Зеленски му кажал...

Европа1 ден

Орбан: Нема да се поклониме пред барањата на Брисел – нашата енергетска безбедност и нашите семејства мора да бидат на прво место

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Унгарија не може да се обвини...

Свет1 ден

(Видео) Нетанјаху зборуваше на хебрејски во ОН, мавташе со карти, па ги нападна европските земји

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска остро ги осуди западните земји за признавањето на палестинската државност, обвинувајќи ги дека испраќаат порака...

Македонија1 ден

Мицкоски: Не ми паѓа на памет да размислувам за било какви уставни измени, без гаранции

Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме...

Македонија1 ден

Депонијата во Струга е една од најопасните, ако не се преземат мерки, ќе биде црна точка по бројот на заболени од канцер, велат од „Вреди“

Според „Вреди“, дивата депонија во Струга, отворена во 2006 година како „привремено решение“, денес е претворена во една од најопасните...