Uncategorized
Буш – да престане насилството поради карикатурите
Американскиот претседател Џорџ Буш ги повика синоќа владите ширум светот да го сузбијат насилството што изби во бранот незадоволство на муслиманите поради карикатурите на пророкот Мухамед.
Американскиот претседател Џорџ Буш ги повика синоќа владите ширум светот да го сузбијат насилството што изби во бранот незадоволство на муслиманите поради карикатурите на пророкот Мухамед.
"Го повикувам владите ширум светот да го спречат насилството, да ги заштитат имотите и животите на недолжните дипломати кои се во служба на своите земји во странство“, изјави Буш по средбата со јорданскиот крал Абдула, во Белата куќа.
Буш им изјави на новинарите дека тој и Абдула “го отфрлаат насилството како начин на изразување незадоволство од тоа што го објавуваат слободните медиуми“. Буш, исто така, укажа дека Соединетите Американски држави веруваат во слободата на печатот, но додаде дека “слободата носи и одговорност да се има обзири кон другиот“.
Јорданскиот крал Абдула го осуди објавувањето карикатури, но рече дека протестите треба да бидат ненасилни, додавајќи оти “исламот, како и христијанството и еврејството се религии на мирот и толеранција“.
/крај/х/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.