Спорт
Арсенал го скрши Сити

Во дербито од 9-то коло во англиската Премиер лига лондонските „топчии“ со 3:0 го совладаа Манчестер сити на негов терен, и со нови три бода ги мина давата манчестерски клуба и ја дофати втората позиција во лигата
Мечот на Градскиот стадион во Манчестер, се чини го одреди петтата минута кога Дедрик Бојата последниот човек во одбраната на Манчестер сити го собори во полн трк кон голот мароканскиот интернационалец на Арсенал Маруен Чамак, за што заслужи и го доби директниот црвен картон. Со тоа уште на стартот беше растурена концепцијата на Роберто Манчини, а неговиот противник Арсен Венгер успеа вешто да го искористи фактот што речиси цел меч играше со играч повеќе.Така во 21. минута Арсенал поведе со голот на Самир Насри кој беше проигран од Андреј Аршавин. Играчите на Сити не успеаја да добијат дополнителни мотиви и откако капитенот на „топчиите“ Сес Фабрегас во 40. минута не реализираше пенал, односно неговиот удар од белата точка го одбрани голманот на домашните Џо Харт.Сепак во 66. минута Алекс Сонг со интересен но убав гол го зголеми водството на Арсенал, а конечните 3:0 и печатот на ова дерби го стави .данскиот напаѓач на лондонците Никлас Бендтнер во 88 минута. Иако на овој гол домашните протестираа оправдано бидејќи пред да го проигра Бендтнер, Насри со топката излезе надвор од полето, се чини тоа ништо немаше да смени до крајот на мечот, бидејќи тие не беа психички подготвени за ова дерби. Ливерпул во вториот неделен меч кој го привлече вниманието на британската јавност ја некако успеа да го совлада на „Ејнфилд“ Блекбурн роверс со 2:1. Мечот во кој „редсите“ повторно се мачеа беше решен за а неполни пет минути. По нервозното прво полувреме, во 48. минута Ливерпул поведе со голот на Кирјиакос, но по четири минути Карахер го израмни резултатот со несреќен автогол. Голема среќа за Ливепрул и неговите навивачи беше што веќе во следната 53. минута, Фернандо Торес постигна гол и го постави конечниот резултат.Ова е само втора победа на Ливерпул во првите девет кола од англискиот шампионат, што е незапаметено во клупската историја. Ливепрул сега има девет бодови но се’ уште се наоѓа на 18-та позиција во зоната на испаѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER
Спорт
(Видео) Челси преку Палмеирас до полуфиналето на клупскиот Мундијал

Foto/ EPA
Фудбалерите на Челзи го победија Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА со 2:1 (1:0).
Благодарение на победата во Филаделфија „сините“ се пласираа во полуфиналето, каде што ги чека уште еден тим од Бразил, Флуминенсе.
Двократниот европски шампион ја оствари победата благодарение на голот на Кол Палмер во 16-та минута и автоголот на голманот Вевертон во 83-та минута. Стрелец за Флуминенсе беше фудбалерот што „сините“ веќе го купија, креативниот играч од средниот ред Вилијан Естевао.
Крилниот напаѓач Педро Нето беше дел од англискиот клуб од самиот почеток.
Настапот на Португалецот беше неизвесен, откако Челзи му даде одврзани раце да избере дали да игра по смртта на неговиот голем пријател – фудбалерот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.