Спорт
Антиќ, Илиевски и Мекејлеб во конкуренција за идеалната петорка на ЕП во Литванија
На списокот на играчи што најмногу покажаа на континенталниот собир покрај македонската тројка се уште и Николас Батум, Жоаким Ноа, Тони Паркер (Франција), Витали Фризон, Андреј Кириленко, Тимофеј Мозгов (Русија), Пау Гасол, Марк Гасол и Хуан-Карлос Наваро (Шпанија)
Дури тројца македонски кошаркари имаат можност да се најдат во идеалната петорка на кошаркарското Европско првенство (ЕП), кое изминатгиве дваесетина дена се одржува во Литванија. Станува збор за Перо Антиќ, Владо Илиевски и Лестер Бо Мекејлеб, кои се на списокот од 12 кошаркари за кои можат да гласаат новинарите кои известуваат од континенталниот кошаркарски собир на Балтикот. Ова е првпат воопшто македонски кошаркар да се најде во можност да биде дел од најдобриот состав на еден шампионат од највисок европски ранг.
Според добрите познавачи на кошаркарските прилики речиси е сигурно дека меѓу најдобрите петмина ќе се најде Мекејлеб, кој е една од најголемите ѕвезди на 37. ЕП во кошарка. Натурализираниот Американец со македонски пасош е во игра и за најпрестижната индивидуална награда на првенството во Литванија, титулата за најкорисен, МВП-играч на континенталниот шампионат. Најголема конкуренција во оваа категорија ја има во шпанците Хуан-Карлос Наваро и Пау Гасол како и во францускиот ас Тони Паркер.
Сите акредитирани новинари што го следат ЕП имаат право да го дадат својот глас за најдобрите петмина кошаркари по свој вкус. Според правилата, четири кошаркари мора да бидат избрани од понудениот список додека петиот глас, според желбата на новинарите, може, но и не мора, да биде даден за кој било друг кошаркар што настапил на ЕП.
Самото номинирање е огромно признание за Антиќ, Илиевски и Мекејлеб, но и уште една од многуте потврди за феноменалниот настап на македонската кошаркарска репрезентација на ЕП во Литванија.
На понудениот список на играчи што најмногу покажаа на континенталниот собир покрај македонската тројка се уште и Николас Батум, Жоаким Ноа, Паркер (Франција), Витали Фризон, Андреј Кириленко, Тимофеј Мозгов (Русија), Пау Гасол, Марк Гасол и Наваро (Шпанија).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

