Македонија
Жичарницата на Водно ќе биде пуштена на 3 јуни
Жичарницата на Водно ќе биде свечено пуштена во употреба на 3 јуни, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), кое ќе стопанисува со него.
Жичарницата на Водно ќе биде свечено пуштена во употреба на 3 јуни, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), кое ќе стопанисува со него.Паралелно ќе почне да сообраќа и нова автобуска линија „Милениумски крст“ која ќе се движи од Транспортен центар – Југодрво – Средно Водно.Жичарницата ќе има 28 кабини, а во една кабина ќе можат да се превезат по осум патници. Кабините ќе се движат со брзина од 6 километри на час, а за тоа време ќе може да се превезат 1.200 патници. Релацијата е од Средно Водно, до Милениумскиот крст.Вкупниот кружен тек на возењето е 3,5 километри. На самите кабини има монтирано опрема за носење на велосипед и ски опрема. Оваа е првата од трите делници планирани за жичарницата. Во следната фаза истата треба да се поврзе од Средно Водно до Институтот за белодробни заболување во Козле и понатаму до црквата Свети Јован Крстител во населбата Капиштец. Жичарницата ја гради австриската фирма „Допелмаер“, а со нејзе ќе стопанисува ЈСП ТУРС. /крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

