Uncategorized
Ко-продукцискиот проект „Касандра“ вечерва го отвора фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад
Во театарот „Јован Ѓорѓевиќ“ во Нови Сад, Србија, вечерва, со почеток од 23 часот, ќе биде отворен интернационалниот фестивал на алтернативен и нов театар ИНФАНТ, со претставата „Касандра“
Претставата е правена во меѓународна ко-продукција на четири театарски фестивали – црногорскиот Теута, словенскиот Ex-Ponto, српскиот ИНФАНТ и нашиот меѓународен театарски фестивал МОТ. Претставата е по текст на Љубомир Ѓурковиќ, во режија на Слободан Милатовиќ, а извршен продуцент е Дамир Домитровиќ – Кос, инаку и годинашен селектор на МОТ. Драматург на претставата е Загорка Поп-Антоска Андова, костимите се на Благој Мицевски, музиката на Шукрија Жути Серхатлиќ и видео Немања Петроније. Улогите се Хиполита – Сенка Булиќ, Ојдипа – Тихана Чулафиќ, Нарциса – Јована Стипиќ, Касандра и Нико Горшиќ – Нико Горшиќ, Љубомир Ѓурковиќ, Слободан Милатовиќ и Дамир Домитровиќ – Кос. Касандра, античкиот пророк – во нова модерна верзија на Љубомир Ѓурковиќ. Драмата е поврзана со пророштвото, а иницијативата за реализација на претставата е поврзана со еден момент на откровение кое им се случило на авторот, режисерот, продуцентот и еден од актерите на претставата во 2006 година.Меѓународниот проект „Касандра“, комбинира елементи на современа драма со антички и документарен театар, и како резултат, наместо четири карактери, има седум, т.е. сите оние кои го сретнале пророкот во 2006-та се појавуваат на сцена. Во тој дух, режисерот поставува иронични тези и анти-тези на некои прашања: Има ли некој кој си игра со нашите животи? Што е љубов? Што е вера? Што е нејзината улога? Зошто се делат интимни детали со други? Од каде доаѓа потребата да се споделуваат шокирачи и трогателни приказни на реално шоу?Улогите на женските карактери се избрани за реалното шоу на Касандра во кое таа си игра со најмрачните тајни во нивните животи. Сите доаѓаат на сцената мислејќи дека се подготвени, но немаат поим низ што ќе се случи во нивниот внатрешен пекол. Во исто време, публиката – како гости на реалното шоу – се интимно предизвикани од претставата. Секако, никој не бил и нема да биде повреден во проект на внатрешен пекол на сцена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

