Македонија
Отфрлени кандидатските листи на СДПМ

Државната изборна комисија (ДИК) во понеделникот на повторното разгледување на редложените кандидатски листи на Социјалдемократската партија (СДПМ) едногласно ги отфрлика за сите изборни единици, поради неисправни документи.
Во ДИК утврдиле дека речиси на сите кандидатски листи на СДПМ на Бранко Јаневски во шесте изборни единици има неправилности. Кај поголем број кандидати било откриено дека нема датум на изјавите за прифаќање на кандидатурите за пратеник, и оти не може да се види за кои избори се поднесуваат. Уврдено било, исто така, и дека потписите на изјавите за неосудуваност и за прифаќање на кандидатурата се различни.
Силвана Бонева побарала да не се расправа за секоја листа по изборни единици, бидејќи неправилностите биле евидентни и предложи ДИК да ги отфрли листите на СДПМ. Игор Милев, пак, побарал да се разгледуваат листите на СДПМ по изборни единици.
Прерходно во неделата ДИК ги констатираше дванаесетте кандидатски листи на партии и коалиции, освен кандидатурите на Бранко Јаневски и неговата СДПМ во изборните единици еден и три. Јаневски има право на жалба до Управен суд за листите.
Така, беше познато дека Стево Продановски нема да му биде противкандидат на Стево Пендаровски во „единициата“, а ниту Љупчо Николовски од СДПМ на Љупчо Николовски од СДСМ. Овие две листи предизвикаа намногу дискусија и сомневања во ДИК дека станува збор за обид да се измамат гласачите поради сличноста во имињата и презимињата на кандидатите, за што партиајта беше сомничена и на поранешни избори.
Во другите изборни единици листите на СДПМ првично беа прифатени, така што на потпретседателската на СДСМ, Радмила Шекеринскаво петтата изборна единица за противкандидатка требаше да ја има Радмила Шукуровска од СДПМ, за што исто така имаше реакции. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Димитровски: Нема да бидам нем набљудувач, Скопје ќе го направам од град во хаос до град со брз и современ градски превоз

Даме Димитровски, носител на листа на советници во Советот за Град Скопје oд ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашниот митинг најави дека доаѓа време за промена, која ќе се темели на визија, план и конкретни политики. Тој говореше за деветте столбови на платформата како што се чист воздух, чист град, модерен превоз, јавни простори, велосипеди и мобилност, безбеден сообраќај, култура, иновации и чесно управување.
Димитровски се осврна на градскиот превоз, нагласувајќи дека јавниот превоз не го следи развојот на Скопје и потребите на скопјани и додаде дека целта е да се создаде брз и современ градски превоз во служба на граѓаните.
„Секое утро илјадници заглавуваат во хаос, превозот не е во служба на граѓаните. Затоа, целта е јасна: Нов концепт на јавен превоз: флота на чисти, нови, климатизирани автобуси, почести ротации и дигитализиран, предвидлив систем, повеќе правци и линии кон секој дел од градот“, нагласи Димитровски.
Димитровски истакна дека граѓаните заслужуваат да живеат достоинствено, со нови проекти, со реални решенија и конкретни чекори што ќе го подобрат секојдневието на сите граѓани.
„Ова не се само зборови на хартија – ова се нашите работни задачи!“, рече меѓу другото Димитровски.
Македонија
Кузмановски: Младите ќе бидат во фокусот во Демир Хисар

Кандидатот за градоначалник на Демир Хисар од СДСМ, Златко Кузмановски, на граѓанска трибина порача дека е време за промени и чесно, отчетно раководење.
Кузмановски најави мерки за младите, меѓу кои младински центар, поддршка за претприемништво, субвенции и практикантски можности, но и финансиска поддршка за учениците и ослободување од партиципација за деца од социјално ранливи семејства.
Тој истакна дека Демир Хисар мора да стане општина која е отворена и транспарентна, посветена на културата и историјата, со уредување на спомен-паркот на Даме Груев во Смилево и локалните патишта до него.
„Ветувам работа, напредок и иднина. Изборите не се само за градоначалник, туку за тоа каков Демир Хисар сакаме,“ рече Кузмановски.
Македонија
Обилни дождови, студ и снег на планините – од среда промена на времето

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 5 до 14, а максималните од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време – променливо облачно со сончеви периоди и слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 22 степени.
Од среда попладне до петок се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, локално пообилни над 30 литри на метар квадратен. Во четврток и петок, со продор на постудена воздушна маса и засилен северен ветер, на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Температурите значително ќе опаднат.
За време на викендот се очекува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневните температури.