Uncategorized
Ирачката влада со осуда на изјавите за присуство на ирански агенти во Ирак
Ирачката влада го осуди денеска тврдењето на иранската опозициона група Муџахедини на народот за присуството на ирански агенти во Ирак.
Ирачката влада го осуди денеска тврдењето на иранската опозициона група Муџахедини на народот за присуството на ирански агенти во Ирак.
Портпаролот на Владата Али Дабах на прес конференција соопшти дека таквите тврдења претставуваат мешање во внатрешните работи на Ирак и побара од Муџахедините да си одат во земја што сака да ги прими.
„Присуството на организацијата е незаконско и Владата реши да го прекине престојот, а формираната комисија треба да го организира префрлањето во друга држава“, истакна владиниот портпарол.
/крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“
Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека традиционално оваа награда ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор.
„Нимиц имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да посвети на барање решение за спорот за името. Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот. Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови“, напиша Заев на социјалните мрежи.
Нимиц им порачал да го чуваат и негуваат Преспанскиот договор и целосно да го имплементираат.
Во Атина се одржа Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.
Uncategorized
Средба на претседателот Африм Гаши со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Репубика во РС Македонија.
Амбасадорот Силвестри му го честиташе изборот на Гаши за претседател на Собранието, како претседател избран со забележителен број гласови, посакувајќи му успешна работа и подвлекувајќи го демократскиот механизам на самиот избор. Притоа, му врачи честитка од претседателот на Италијанскиот сенат, Игнацио ла Русa, со желби за успех во натамошната работа.
Претседателот Гаши го запозна амбасадорот со тековните активности на законодавниот дом, претстојното формирање на комисиите и другите работни тела, и очекувањето за брзо формирање на новата Влада. Истакна дека како одговорен претседател ќе остане отворен за соработка со сите политички партии претставени во Собранието, бидејќи сите треба да работат за доброто на граѓаните и државата во целина. Во контекст на билатералната соработка меѓу двете земји, претседателот истакна дека високо ја вреднува соработката со пријателска Италија, земја силен поддржувач на РС Македонија на евроинтеграцискиот пат.
Амбасадорот Силвестри го информираше претседателот за постојните релации на планот на меѓупарламентарната соработка и изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина по формирањето на пратеничката група во Собранието за соработка со Италијанскиот парламент. Беше споменато и неодамнешното одблежување на 30 години од воспоставените дипломатски односи меѓу Италија и Република Северна Македонија, при што амбасадорот му подари примерок од Публикацијата отпечатена по овој повод.
Двајцата соговорници разменија мислења за идната законодавна агенда, фокусот кон евроинтеграцијата на земјата и улогата на Собранието во тој процес, задржувањето на конструктивен и пријателски однос со сите соседи и градење на мостови на соработка со земјите од целот регион.
Uncategorized
Се обиделе да ограбат црква, па го нападнале клисарот: уапсени разбојници во Радовиш
Вчера во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш.
Тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото.
Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.