Црна хроника
Обвинителството: Истрага за дванаесетмина што шверцувале мигранти
Со цел расчистување кривични дела кои се однесуваат на организирање група за шверцување мигранти, во изминатите 10 месеци се спроведуваше криминалистичката истрага над поголема организирана криминална група. Како резултат на добиените сознанија, денеска, во координација со надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија со луѓе, во соработка со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, спроведоа координирана полициска операција. Операцијата е продолжение на полициската операција „Реприза“, што беше спроведена на 6 овој месец, соопшти Обвинителството.
Извршени се претреси на 10 објекти лоцирани на подрачјата на Гевгелија, Скопје, Штип и на Куманово и притоа се лишени од слобода 10 лица, едно лице им е недостапно на органите на прогонот, а едно веќе издржува мерка притвор за претходно сторено кривично дело шверцување мигранти.
Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против 12 лица, од кои шест лица од Богданци, три лица од Скопје и по едно лице од Штип, Валандово и с. Лојане. Лицата се осомничени дека сториле кривични дела организирање група и поттикнување за извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти и шверцување мигранти.
Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе достави предлог за определување на мерката притвор против сите осомничени лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против директорка на градинка во Велес, при аплицирање за позицијата дала сертификат за англиски јазик со невистинита содржина
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против 44-годишната М.В. од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.
„Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.
Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата“, соопшти МВР.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.