Црна хроника
Поднесенo обвиниe за убиството во скопската населба Даме Груев
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави обвинителен акт против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело убиство.
Како што се наведува, по спроведување на сеопфатна истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетиот со умисла го убил сега починатиот Н.Д. од Скопје, на 28.12.2018 година, на улица Шарпланинска во Скопје.
„Обвинетото лице, пред да го изврши убиството, од домот на неговиот дедо зело ловечката пушка ‘црвена застава крагуевка’ и ја скрило во грмушките на улицата Шарпланинска. Потоа му се јавил на сега починатото лице за да му каже дека на возилото ‘бе-ем-ве’ му се јавил дефект на конкретното место, но дека со себе ги носи неговите 850 евра кои му ги должи. Откако оштетениот пристигнал на договореното место со неговото возило ‘фолксваген пасат’, сторителот пришол и седнал на совозачкото седиште. Во разговорот што го воделе обвинетиот му рекол на сега починатото лице дека парите кои ги носи се во валута евро и дека треба да ги сменат во менувачница. Но пред да заминат, сторителот излегол од возилото и ја оставил вратата од страна на совозачот отворена. Го замолил оштетениот да го почека, при што отишол до грмушките, го зел оружјето, од таму се вратил кај возилото и директно испукал еден куршум кон сега починатиот. Вториот смртоносен куршум од оружјето бил испукан во грбот на оштетениот, откако тој направил обид да излезе од возилото“, се наведува во извештајот од истрагата.
Надлежниот јавен обвинител до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, поради постоење на опасност од криење и бегство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.