Црна хроника
Се бара притвор за арачиновец кој во домот криел автоматска пушка
Скопското Обвинителство поведе постапка против 26-годишен жител на Арачиново, кој во домот криел автоматска пушка.
„Во согласност со наредбата за спроведување истражна постапка, осомничениот 26-годишен жител на Арачиново, на 9 септември, во својот дом држел автоматско оружје – пушка ‘МР 40’ во калибар 9 мм Para, како и 16 куршуми во тој калибар. Станува збор за оружје и муниција што на граѓаните им се забранети, а биле пронајдени при претрес во домот на осомничениот“, информираат од Обвинителството.
До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице за кое постои опасност да се даде во бегство, да се обиде да ги скрие трагите на кривичното дело или да влијае на сведоците, како и можност да го повтори делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.