Црна хроника
Убиецот на бездомникот во Битола е најверојатно неговиот цимер
Полициската истрага за убиството на 48-годишен бездомник во Битола, покажа дека најверојатно тој е убиен од другиот бездомник со кого заедно престојувале во напуштена куќа.
СВР Битола поднесе кривична пријава против П.А.(53) од Битола, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Убиство“.
Настанот се случил во текот на ноќта на 24/25.01.2017 година во точно неутврдено време, пришто пријавениот со употреба на физичка сила и тврди предмети на свиреп и подмолен начин, му нанел повеќе повреди по целото тело и на тој начин го лишил од живот С.Д. (48) од Битола, со кого заедно живеел во иста куќа на ул. „4-ти Ноември“ во Битола.
Пријавениот со намера да го прикрие ова свирепо убиство, во времето околу 5.50 часот на 25.01.2017 година се упатил во соседната куќа, барајќи помош кажувајќи дека непознати лица ги нападнале додека спиеле, по што истиот е хоспитализиран во Клиничка болница во Битола, поради укажување медицинска помош, заради повредите за кои изјавил дека настанале при тој напад.
На местото на настанот увид извршил Јавен обвинител од Битола како и увидна екипа од ОКТУПА при СВР Битола. Од увидот, од извршените вештачења како и од обавените разговори со повеќе лица, вклучително и со пријавениот, констатирано е постоење основано сомнение дека П.А. е сторител на кривичното дело./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

