Црна хроника
Виктор Карамарков е осомничен за четирите убиства
Дваесет и осум годишниот Виктор Карамарков од Скопје, е серискиот убиец, за кого полицијата тврди дека е сторител на четири убиства, сите повозрасни жени, како и на три убиства во обид
Според полицијата, Карамарков кој е во затворот Идризово, ги извршил убиствата на Љубица Христовска (83), чие тело беше пронајдено на втори март годинава во населбата Бутел, следна жртва е Босилка Красоевиќ (71) и Вера Богоевска (76), кои биле убиени во ист ден, на 15 октомври.Елена Милева (69) е последната жртва на Карамарков, убиена на 26 октовмри, кога, тој се обидел да изврши самоубиство не можејќи да го издржи психолошкиот притисок од извршени злосторства, соопшти полицијата, додавајќи дека е уапсен таа ноќ.Сите убиства Карамарков ги извршил со секира завиткана во најлон, а мотивот бил користољубие, со што сите жртви биле повозрасни жени, од кои го ограбувал златниот накит што го носеле на себе.Во полициската евиденција Карамарков е евидентиран како нарко зависник и извршител на кражби, за што е осуден на осум месеци казна затвор и поради што во моментов е во затвор/Тој е под посебен надзор во затворот поради обид за самоубиствоМомчето е третиот сериски убиец во Македонија, кој се соочува со доживотна казна затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

