Контакт

Црна хроника

Омразата кон мајката мотив на двајцата најпознати македонски сериски убијци

Објавено пред

Стари беспомошни жени се жртвите на осомничените за двата случаја на сериски убиства, лани во Кичево и на вчера откриеното во Скопје. Според профилот на сторителите и на жртвите, според се’ судејќи, е кумулирана омраза кон мајката, во комбинација со примери познати од уметноста или медиуми

dobivaj vesti na viber

Профилот на серискиот убиец на стари жени во Скопје за што е осомничен Виктор Карамарков, е создаден прво според профилот на жртвите. Имено, сите се стари жени кои живееле сами, а осомничениот ги убивал заради пари. Имајќи, предвид дека Карамарков живеел со самохрана мајка која била злоставувана од него, како што велат неговите соседи – сторија којашто за кусо време ќе може да ја проследите на Макфакс.Психијатрите, според изборот на неговите жртви, сметаат дека станува збор за омраза кон женскиот родител, најверојатно заради проектирано обвинување за вина за отсуството на таткото. Полициската истрага дојде и до податокот дека негова инспирација се делата на Достоевски, поточно ликот Раскољников, кој ја убива својата газдарица за да дојде до нејзините пари. Истрагата имено смета дека материјалните средства, пари и накит биле цел на убиствата, а истоименото полициско досие отворено за истрагата се совпадна со изјавата на Карамарков за тоа дека му биле омилени класиците на рускиот писател. Но, оние што го познаваат подобро, велат дека бил импресиониран од хорор филм за серискиот убиец Кендимен кој го гледал на 14-годишна возраст. Сепак, како и да, без оглед на потребата за пари за набавка на дроги, гневот е насочен кон мајката, а смисленоста на злосторствата покажуваат дека убиецот сака да ја покаже својата интелигенција и креативност, па дури и да се експонира. На моменти дури, може да се забележи и негово предизвикување на полицијата, односно желба да се надмудрува, исто така, според урнек на повеќето криминалистички филмови  и серии.Она што е интересно е што бесот кон мајката беше и дел од профилот на осомничениот сериски убиец од Кичево, 56-годишниот новинар Владо Танески, кој беше пронајден мистериозно самоубиен во тетовскиот истражен затвор. Тој беше осомничен дека стои зад убиствата на 65-годишната Живана Темелкоска која беше пријавена за исчезната на 7 мај 2008 г. а беше пронајдена мртва на 16-ти минатиот месец, како и на Митра Симјаноска која исто така прво беше пријавена за исчезната на 16 ноември 2004 г. а најдена мртва на 12-ти јануари 2005 г.Покрај овие две, постојат индиции дека осомничениот ја убил и 56-годишната Љубица Личоска на 10 ноември 2007 г. која на 3-ти февруари годинава беше пронајдена мртва во близина на планинскиот превој Стража. Покрај тоа, полицијата се сомнева дека оваа личност е поврзана и со исчезнувањето на Горица Павлеска, исто така од Кичево, која уште од 30 мај 2003 г. е пријавена како исчезната, но досега не е пронајдена.Профилот на четирите жртви е што сите се во поодмината возраст, сите живееле во ист дел на Кичево, со слабо образование и главно работеле како хигиеничарки.Полициските служби при истрагата и имајќи некои индиции, заклучиле дека ваквиот профил на жртвите, делумно соодветствува на профилот на покојната мајка на сега покојниот Танески, која работела како хигиеничарка во болница и со која според документираните сознанија, тој бил во исклучително лоши односи.Исто така, карактеристично за жртвите е што според вештачењата од судска медицина сите се убиени на ист начин. Во трите случаи станува збор за изживување и нивно сексуално и физичко малтретирање. Сите три биле најдени голи, врзани со телефонски кабел, задавени и завиткани во најлонски ќеси, а потоа фрлени на различни места. Кај сите се констатирани бројни повреди по надворешноста и внатрешноста од нивните тела. На пример, кај Живана Темелкоска утврдено е дека била предмет на изживување од страна на сторителот со оглед на тоа што само на черепот имала 13 повреди, а и биле скршени и повеќе ребра од двете страни на градниот кош. Покрај тоа, од страна на вештаци во вагината и во анусот биле пронајдени и разни предмети. Всушност, за идентификацијата на осомничениот, најмногу помогнала ДНК-анализата на спермата најдена кај Темелкоска и Симјаноска., што само зборува за огромен кумулиран бес кај убиецот. По опсежната истрага и анализа, полицијата со метод на елиминација пред десетина дена го стеснила кругот на осомничени на неколку лица, по што истите биле повикани и од нив биле земени материјали за анализа. По наредба на Истражен судија и по направените ДНК-проверки во Институтот за судска медицина, било потврдено совпаѓањето на профилот на осомничениот со биолошките траги пронајдени во Темелкоска и Симјаноска, за чие убиство веќе се осудени други две лица.

Фотографии за  Владо Танески



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Објавено пред

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.

„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.

Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скијач од Словенија повреден на Титов Врв

Објавено пред

Од

Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.

Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми

Објавено пред

Од

Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.

dobivaj vesti na viber

Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.

Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија6 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ7 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија10 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија12 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија12 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија14 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија15 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија15 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија16 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија16 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија16 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија17 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија17 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет20 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет20 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет21 час

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет22 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа22 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет22 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...