Црна хроника
Македонски државјани уапсени за кржба во СЗО во Швајцарија
Тројца македонски државјани, што пренесувале еден сеф и десет компјутери, украдени од канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева, се уапсени утрово додека се обидувале да влезат во Франција
„По сослушувањето на тројцата приведени, полицијата заклучила дека сефот и компјутерите се украдени од просториите на СЗО“, изјавил за медиумите портпаролот на швајцарската полиција Жан Филип Брант.Двајца од приведените, според полицијата имале крв на рацете, затоа што се обиделе да ги искршат прозорците на приземната просторија на СЗО.Компјутерите се украдени од канцеларијата на литванската делегација, што дошла на состанокот посветен на сидата, но полицијата не може да прецизира што се наоѓа во сефот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.