Црна хроника
Авганистански илегалци откриени во камион
Двајца Авганистанци во саботата меѓу мандарини биле откриени при обидот преку „Богородица“ илегално да влезат во земјата. Се претпоставува дека се дел од разработен синџир на префрлање емигранти преку Грција за западноевропските држави
Двајцата илегалци биле откриени од македонските цариници во неделата на 6-ти февруари, во претпладневните часови, на граничниот премин „Богородица“, во камион со македонски регистарски ознаки кој бил управуван од македонски државјанин.Според Царинската управа, царинските документи покажуваат дека камионот бил натоварен во грчкото пристаниште Патра, со мандарини наменети за увозник од Белорусија.Откако возилото било пријавено за транзит низ Македонија, камионот бил селектиран за царинска контрола со мобилен скенер. На ваква контрола инсистирал и и самиот возач, поради тоа што уште на територијата на Грција пријавил дека има илегалци во товарот, по што грчката полиција уапсила шест лица сокриени во товарот. Меѓутоа возачот откако слушнал шумови од товарниот дел на возилото се посомневал дека грчките полицајци не ги откриле сите илегалци. По извршеното скенирање царинските службеници забележале силуети на луѓе и во предниот дел од товарот биле пронајдени двајцата емигранти од Авганистан. Тие кај себе немале никакви документи за идентификација, а според нивните изјави станува збор за 26 и 32-годишен државјанин на Авганистан.Македонски, бугарски и српски возачи на камиони и цистерни често се жалат дека во грчките пристаништа каде се товарат со стоки за трети земји, најчесто во западна Европа, организирани групи честопати скришно и без нивно знаење во нивните возила товарат илегалци од далекуисточните земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.