Контакт

Црна хроника

Полицајци го застрелале стружанецот за да го запрат неговото дивеење?

Објавено пред

Стружанецот Вејсел М. Кој беше убиен вчера, најверојатно го застрелале полицајци во обид да го фатат и да го запрат неговото дивеење во Струга.

dobivaj vesti na viber

Од охридската полиција велат дека не исклучуваат дека Вејсел бил погоден од заскитан куршум кој го испукале полицајците во обид да го фатат, но дека сè уште се вршат разговори со полицајците кои биле на местото на инцидентот, а вклучен е и Секторот за внатрешна контрола.

Бркотниците меѓу Вејсел и полицијата, кој бил душевно болен почнале околу 19 часот кога неговиот татко пријавил дека синот го малтретирал физички и психички и барал  повторно да го вратат во Душевната болница „Скопје“ за што имале и лекарски упат од специјалист невропсихијатар.

Полицајците стигнале во нивната семејна куќа во струшкото село Калишта, но кога Вејсели ги забележал полицајците избегал кон Охридското езеро.

Околу 22 часот тој нападнал таксист и двајца холандски туристи коишто се возеле со таксито и со нож на вратот му наредил на таксистот да го однесе кај неговиот тетин во село Радолишта. Кога стигнале таму му зел 200 денари и ги пуштил да си одат.

Во куќата на неговиот тетин биле неговиот татко и сестрата. Вејсел со тврд предмет ги исекол тетинот и тетката, а кога успеале да го извадат надвор од куќата, неговиот татко ја известил полицијата дека Вејсел дошол во Радолишта.

Први на местото на инцидентот пристигнале полицајци од сообраќајната полиција, но Вејсел веќе побегнал во населбата Фиериште. Таткото заедно со полицајците заминале да го бараат Вејсел.

Кога го забележале полицајците излегле од возилото за да го приведат, му наредиле да застане и да се предаде.

Откако три пати го предупредиле, а тој не застанал, двајцата полицајците испукале по еден куршум.

Но Вејсел и понатаму бегал, па полицајците повторно испукале по еден куршум. По кратко време Вејсел бил фатен во дворот во една куќа во Радолишта, каде во меѓувреме пристигнало засилување од други полицајци. Кога полицајците го кренале за да го стават во полициското комбе, забележале крв на устата на Вејсел. Го однеле во медицинскиот центар во Струга каде била констатирана смрт.

При првичниот преглед, хирург од болницата констатирал влезна рана предизвикана од огнено оружје во горниот лев дел од грбот.

Истражен судија и Јавен обвинител кој што заедно со увидна екипа од СВР-Охрид, ПС-Струга и претставник на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, ивршиле увид на лице, а телото е предадено на обдукција.

Неговата психичка болест, според полицијата се манифестирала со доста агресивно однесување и членовите на неговото семејство повеќе пати пријавувале дека ги напаѓал.

Поради ова тие побегнале од нивниот дом и се сместиле под кирија. Неговиот брат пред неколку дена без причина ја уби газдарицата кај која живее. /крај/мвр/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце

Објавено пред

Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Објавено пред

Радовишанец со месеци силувал малолетничка

dobivaj vesti na viber

Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија11 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија12 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија14 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија17 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ17 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија19 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија20 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија20 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија21 час

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија21 час

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија22 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...