Црна хроника
Со закани ја принудувал да му стане девојка
Четириесет идвегодишен жител на струшкото село Велешта, насила убедувал 36 годишна Битолчанка да стапи во врска со него, соопшти полицијата.
Настанот се случил во четврток околу 21:30 часот, додека А.М. го паркирала својот автомобил, при што била пресретната од Б.К., со кој од претходно се познавале, ја фатил за рака но бидејќи се противела, истиот насилно ја внел во неговото патничко возило „мерцедес“ и се упатиле кон патот за Ресен, при што за цело време и се заканувал дека ќе посегне по нејзиниот живот, доколку не биде во врска со него, а и физички ја нападнал удирајќи ја во пределот на лицето.
Кога пристигнале во центарот на Ресен, излегле од возилото и повторно почнал да ја влече за раката, на што биле забележани од страна на полициски службеници и приведени во ПС Ресен.
По документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.