Црна хроника
Каменуван автобус со навивачи на битолски „Пелистер“ во Тетово
Осумнаесет годишниот тетовец М.Н. со уште две непознати лица во неделата околу 15:45 часот каменувале автобус во кој се превезувале навивачи на фудбалскиот клуб „Пелистер“ од Битола, пред одигрувањето на натпреварот со „Тетекс“.
При инцидентот се оштетени две прозорски стакла на автобусот. Потоа, во знак на револт, од автобусот излегле неколку навивачи и оштетиле две моторни возила „Мерцедес“ и „Голф“, а од страна на полициски службеници се спречени понатамошни инциденти.
За време на одигрување на натпреварот од страна на двете навивачки групи биле запалени повеќе пиротехнички средства, додека на теренот се фрлани бакљи, пластични шишиња и хартиени ленти.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

