Црна хроника
Прекршочни пријави за 13 лица за фудбалскиот инцидент
Поднесени се прекршочни пријави против 13 лица, кои на вчерашниот првенствен натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер, во четири случаи го нарушиле јавниот ред и мир, а во еден случај недолично се однесувале на спортски натпревар.
Од вкупно пријавените лица, шест се од Скопје, пет од Битола, а еден од Македонски Брод, соопшти МВР.
Во недела, околу 18 часот, кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, непосредно пред почетокот на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Вардар и Пелистер, навивачките групи на двете екипи фрлале камења едни кон други, при што неколку лица биле повредени, а оштетени се патнички возила и прозорски стакла од куќи и станови.
Исто така, за време на одигрување на натпреварот биле повредени еден полициски службеник и двајца навивачи на Пелистер, кои се пренесени во Градската болница во Скопје за укажување лекарска помош.
При спроведување на навивачката група `Чкембари` до железничката станица Скопје, непознати лица каменувале службено возило на МВР, а оштетиле и три службени возила сопственост на Македонски железници, четири возила на граѓани, шалтерската сала на Македонски пошти, излезната рампа на Градската автобуска станица, како и прозорски стакла од Царинската управа и едно возило на управата.
Во 22.15 часот на излез од железничката станица Скопје кон железничката станица Лисиче, од страна на непознати лица исто така извршено е каменување на вонредниот воз, што сообраќал на релација Скопје-Битола, а во кој се превезувала навивачката група Чкембари, при што скршени се повеќе стакла од вагоните, а телесно е повреден патникот М.Р. (18) од Битола, кому му е нанесена расекотина во пределот на главата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.