Црна хроника
Пресуда во случајот Ел Масри против Македонија
Во четврток во 11 часот Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права на јавна седница ќе ја објави пресудата од случајот на германскиот граѓанин Калед Ел-Масри против Република Македонија.
Калед Ел-Масри е жртва на програмата за вонправни екстрадиции на ЦИА, соопшти адвокатот Филип Медарски.
Македонската влада стана првата којашто беше повикана да даде отчет за својата соработка во програмата на ЦИА за нелегално апсење и трансфер на осомничени за тероризам пред меѓународниот трибунал.
Случајот, поднесен од Иницијативата за правда на Отворено општество (OSJI), од името на германскиот граѓанин Калед ел Масри, беше пренесен до македонската влада од страна на Европскиот суд за човекови права на 8 октомври 2010 година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

