Црна хроника
Македонија треба да му плати 60.000 евра отштета на Ел Масри
Европскиот суд за човекови права во Стразбур заклучи дека во случајот Ел Масри – Македонија, нашата држава ја прекршила европската конвенција за човекови права.
Европскиот Суд за човекови права во четвртокот едногласно одлучи дека бил прекршен членот 3 од Европската конвенција за човекови права, со кој се забранува нечовечко и понижувачко однесување, членот 5 правото на слобода и сигурност, членот 8 право на приватен и семеен живот, како и членот 13 право на правично судење.
Македонија според одлуката на Судот ќе мора да му плати на Калед Ел Масри 60 илјади евра оштета.
Ел Масри ја смета Македонија како директна одговорна за времето кое тој го помина затворен меѓу 31 декември 2003 и 28 мај 2004 година, по неговото апсење при влезот во Македонија и трансферот во Авганистан, случајот Ел Масри, беше разгледуван и суден од страна на Големиот Судски Совет на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, на 16 мај годинава.
Калед ел Масри поднесе тужба против Македонија на 20 јули 2009 година. За случајот Ел Масри, Македонија беше критикувана во Парламентарното Собрание на Советот на Европа и Европскиот парламент./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) МВР со детали за транспортот на 150 килограми марихуана, уапсени три лица од Скопје
Вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст. 3 во врска со став 1 од КЗ.
Имено, на 26.01.2026 М.З. од лице од Струга купил моторно возило „опел комбо“ со швајцарски национални ознаки, во кое заедно со И.Б. сместиле наркотична дрога марихуана, при што го контактирале Г.Б. со цел моторното возило да биде шлепувано од Струга до Скопје за цена од 200 евра, бидејќи не било во возна состојба.
Откако пристигнале во Скопје, првопријавениот М.З. заедно со второпријавениот И.Б. побарале од третопријавениот Г.Б. за сума од 40 евра да продолжи да вози до Свети Николе, позади моторно возило „мерцедес“ во кое тие се превезувале.
На регионален пат во близина на Свети Николе, полициските службеници, по претходно добиени информации дека ќе биде извршен транспорт на поголема количина на дрога, го запреле товарното возило „ивеко“ кое го шлепувало возилото „опел комбо“ и при преглед на задната клупа и во багажниот простор на возилото „опел“, пронајдени се осум торби во кои имало 50 пакувања со марихуана. По извршено вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека станува збор за 150 килограми марихуана.
Црна хроника
Присвоила мобилни уреди што и биле доверени во службата: кривична пријава за вработена во мобилен оператор во Струмица
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б.(36) од Струмица, поранешна вработена во еден мобилен оператор.
Според полицијата, таа се сомничи за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Пријавената, во периодот од март до септември 2024 година, во својство на бизнис агент свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои што и биле доверени во службата, на тој начин што на менаџерот од Гевгелија му прикажувала факти дека ќе склучи бизнис договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран и ќе им ги додели мобилните уреди во вид на субвенциона форма за направените активации и обнови. Додека, на месечните пописи кои биле правени во продажниот салон во Гевгелија свесно било прикриено дека фали трговска стока, со што пријавената причинила имотна штета на оштетеното правно лице во износ од околу 600.000 денари.
Црна хроника
Ја претепал сопругата а потоа ја одзел нивната малолетна ќерка: кривична пријава за штипјанец
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Д.(21) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ и „одземање на дете“.
На 17.11.2025 во Штип, пријавениот, кој бил со уште две лица, физички ја нападнал неговата 23-годишна поранешна сопруга, а потоа со помош на едно од лицата ја одзел нивната малолетна ќерка.

