Црна хроника
Спречен обид за шверц на лекови
Цариниците од граничниот премин Табановце автопат спречија обид за криумчарење на лекови за човечка употреба, при што привремено се задржани над 78 илјади разни таблети, капсули, масти, капки и ампули.
Во понеделник, во пладневните часови, за влез во државата се пријавило патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин со иницијали Б.Д., во придружба на лице со иницијали С.Д., исто така македонски државјанин.
Патниците изјавиле дека немаат ништо за пријавување за царинска контрола, но сепак царинските службеници одлучиле да извршат контрола на возилото, при што во багажникот биле пронајдени седум картонски кутии полни со разни лекови.
Вредноста на лековите, кои се со потекло од Грција, е процената на преку 380 илјади денари. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

