Црна хроника
Притвор за прилепчанецот кој со џип влета на протестот на опозицијата
Истражен судија му одреди 15 дена притвор за пијаниот прилепчанец кој во средата попладне прегази двајца граѓани на протестниот собир на опозицијата во центарот на Прилеп.
Прилепчанецот, кај кој се измерени три промили алкохол во крвта, влета во толпата народ со бел џип и повреди двајца граѓани кои биле на собирот на опозицијата.
Не ги почитувал ниту наредбите на полицајците кои го запреле сообраќајот на булеварот „Маршал Тито“ и го обезбедувале протестот. /крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена 22-годишна девојка од Гевгелија, во неа удри „тојота“
Вчера во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко возило „тојота ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(27) од Скопје, удрило во Б.М.(22) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетно дете
На 27.11.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Чаир, М.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Скоевска“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 27.11.2024 во 10.50 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Ј.(63) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 27.11.2024 во 10.10 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.М.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Прегазена скопјанка, со тешки повреди пренесена на Клиника
Вчера во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Антон Попов“ во Скопје патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот О.Н. удрило во 37-годишната А.Н., двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.