Црна хроника
Продолжение на „Диригент“, апсења низ цела Македонија
Во полициска акција, што всушност е продолжение на акцијата под кодно име „Диригент“, во вторник уапсени се десет лица за трговија со дрога, потврдуваат од МВР.
Оттаму велат дека не можат да соопштат детали за акцијата, бидејќи сé уште е во тек, а освен скопското село Арачиново и скопската населба Сингелиќ, акцијата се спроведува и во други градови низ Македонија.
Акцијата е на меѓународно ниво, па во среда се очекува македонското МВР да одржи заеднича прес конференција со директорот на австриската полиција.
„Можам да ви потврдам дека МВР спроведе голема полициска акција за лишување од слобода на лица инволвирани во кривични дела поврзани со недозвоелна трговија со дрога. Досега се обезбедени околу десет лица меѓутоа полициската акција се уште трае“ изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Водачите на франкфуртската мафија, уапсени во полициската акција „Диригент“ добија по 13 години затвор за продажба на хероин во Виена и Франкфурт. Групата беше разбиена кон крајот 2010 година, во соработка меѓу македонската и австриската полиција.
Полицијата инаку запленила вкупно 350 килограми марихуана на граничниот премин „Меџитлија“, за што се очекува да одржи прес-конференција./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.