Црна хроника
Ивица Ристиќ ги посочил извршителите на убиството на Тушевски и Јанев
Судот започна со распит на сведоци во случајот „Ровер“, во кој што му се суди на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски за помагање во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.
Мирослава Јанева, мајката на убиениот Киро Јанев, тивко пред судот рече дека нема цена за животот на нејзиниот син и дека се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите.
Тензии и препирања меѓу адвокатите и обвинителката предизвика сведочењето на поранешен вработен во МВР, Киро Станковски, кој додека бил вработен контактирал со обвинетиот Ивица Ристиќ, кој ги посочил извршителите на убиството.
Адвокатите тврдеа дека обвинителката поставува сугестивни прашања, а обвинителката дека нејзината цел е Станковски јавно да каже за контактите со Ристиќ, бидејќи тој се бранеше со молчење.
Според сведочењето на Станковски, Ристиќ побарал заштита на неговиот идентитет и ги посочил извршителите на убиството, но сведокот, освен на Предраг Чубрило, не можеше да се сети на другите имиња.
Убијците му оставиле на Ристиќ, четири парчиња оружје и му рекле да ги фрли во реката. Според она што му го кажал Ристиќ на сведокот, тој во тој момент не знаел за убиството на Тушевски и Јанев и не знаел што се случило.
Ристиќ го однел оружјето во кафана што била негова сопственост. Распитот на сведоци е сè уште во тек. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.