Црна хроника
Фалсификувала документација за да дојде до инвалидска пензија
Педесет идевегодишна скопјанка фалсификувала медицинска документација за да дојде до инвалидска пензија.
Пријавената Н.Р. со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе, односно стекнување на право на инвалидска пензија, во текот на септември 2007 година до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ доставила барање за остварување право на пензија во прилог на кое доставила фалсификувана медицинска документација на нејзино име, по основ на која од страна на Комисијата за оцена на работна способност било утврдено дека постои причина за инвалидност и врз основа на ова од страна на Фондот и било одобрено користење на инвалидска пензија.
Па во периодот од февруари 2008 година до февруари 2013 година пријавената врз основа на исплатените пензии се стекнала со противправна имотна корист во вкупен износ од 529.732 денари за која сума и го оштетила Фондот за ПИОМ на РМ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.