Црна хроника
Го турнал воз додека вршел нужда на пруга
Бизарна несреќа се случи во четвртокот доцна попладне на железничката пруга, на влезот во Велес. Повредено е дваесет и двегодишно момче од Кочани кое патувало со автобус кој имал сообраќајна несреќа, јавува велешкиот портал Лисица.
Додека чекале полицијата да направи увид, момчето се симнало од патот на пругата да изврши нужда, но во тој момент наишол товарниот воз. Според неофицијалните информации поради струењето кое го предизвикал возот момчето изгубило рамнотежа и удрило во заштитниот ѕид.
На повреденото момче веднаш му е укажана помош и е префрлено на лекување во велешката болница. Потоа поради сериозноста на повредите тоа е префрлено на лекување на Клиника во Скопје.
„На хирушкото одделение примено е момче од Кочани. Лекарите констатираа повреди на главата и отворена повреда на левата надлактица. Поради сериозноста на повредите на главата момчето е префрлено на лекување во Скопје на Клиника“, рече др. Силвана Мишкова, портпарол на Општа болница Велес.
Увид на местото на несреќата направи СВР Велес и Македонски железници. Несреќата беше причина неколку часа да биде прекинат железничкиот сообраќај кон Гевгелија./крај/лисица/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.