Црна хроника
Откриена марихуана во тетрапак сокови
Царинските службеници во четвртокот спречија обид за шверц на марихуанa сокриена во тетрапак сокови на граничниот премин Табановце.
Марихуаната била откриена во автобус кој се пријавил за излез од државата со македонски регистерски таблици, сопственост на превозната компанија oд Скопје, кој сообраќал на вонредна линија Тетово-Берлин.
При царинската контрола, иако сите патници одговориле дека немаат ништо за пријавување, поради сомнително однесување бил проверен еден од патниците, македонски државјанин.
При прегледот на неговата патна торба, покрај личната гардероба пронајдена е и најлон кеса со јадење и два тетрапак сокови со невообичаена тежина, што било индикација за преглад на тетрапак соковите.
При прегледот, во нивната внатрешност пронајдена се три пакувања обвиткани со салотејп трака, наполнети со зелена тревкаста материја од непознато потекло, со тежина од околу 500 грама.
По извршеното вештачење од страна на МВР, утврдено е дека станува збор за марихуана.
Исто така во торбата на патникот пронајдени се и 47 празни зипер кесички кои се користат за пакување и продажба на марихуана.
Осомничениот откако претходно ја набавил марихуаната тргнал од Велес за Скопје, од каде требало да патува за Берлин каде имал намера да остане за да работи, а марихуаната требало да ја пренесе до Берлин-Германија и да ја предаде на лице кое работи во тој град./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.