Црна хроника
Запленети 414 парчиња оружје во 2013 година
Полицијата запленила 414 парчиња оружје во текот на минатата година, а биле откриени 205 кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и едно кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување кривично дело“.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во 2013 година е забележан зголемен број на откриени случаи и сторители на кривични дела од областа на недозволената трговија со оружје како и зголемена заплена на оружје и муниција во споредба со претходната, 2012 година.
„Засилените активности што ги преземаше полицијата за спречување на нелегалната трговија со оружје, дадоа позитивни резултати, за што говорат откриените 205 (2012г. 178) кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и едно кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“. Врз основа на компаративните согледувања во изминатите години е констатиран тренд на зголемување на откривачката функција за над 15%. Во рамките на овие случаи, беа поднесени кривични пријави против 237 сторители, од кои беа запленети и одземени 185 парчиња оружје“, се наведува во соопштението на МВР и се додава дека третина од вкупната заплена се пиштоли.
Најголем дел од делата се извршени во Скопје, 23%, по што следи Куманово со 12%, додека на останатите подрачја се откриени кривични дела во помал процент.
Покрај мерките на кривичен прогон, против 428 лица во 2013 година биле поднесени и 414 барања за поведување на прекршочна постапка, најчесто заради набавување делови од оружје, поседување муниција, носење на оружјето спротивно на одредбите на законот и сл. Во рамки на овие мерки, беа запленети 229 парчиња оружје, 778 парчиња муниција, како и значително количество петарди и пиротехнички средства и др. Инаку, според видот на оружјето, во над 50% од запленетите парчиња доминираат пиштолите за звучна и светлосна сигнализација.
И оваа година, по повод Светскиот ден за уништување на оружјето, во соработка со Управата за управување со конфискуван и одземен имот се изврши уништување на запленетото и конфискувано оружје, за кои беа донесени правосилни пресуди. Притоа, во рамките на одбележувањето на овој ден беа уништени 265 парчиња оружје, од кои најмногу пиштоли-93; потоа пиштоли за звучна и светлосна сигнализација-76; ловни пушки-48; воздушни пушки-21; ловни карабини-18; автоматски пушки-6; воздушни пиштоли-2 и малокалибарска пушка-1.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.