Црна хроника
Албанец фатен со експлозив на граничниот премин Блато
Албански државјанин се обидел да внесе експлозивна направа во земјава преку граничниот премин Блато во Дебар, соопшти СВР Охрид.
Албански државјанин се обидел да внесе експлозивна направа во земјава преку граничниот премин Блато во Дебар, соопшти СВР Охрид.
На 30-ти септември, околу 22 часот, албанскиот државјанин Д.К. (22) со автомобил марка „БМВ“, со албански национални ознаки, пристигнал на граничниот премин Блато-Дебар со намера да оствари влез во Македонија. При претрес на неговото возило, царинските службеници пронашле експлозивна направа скриена во патнички куфер.
Граничната полиција регионален центар Запад, против Д.К. поднесе барање за поведување прекршочна постапка, а основниот суд во Дебар му изрече мерка забрана за влез во Република Македонија во траење од три години и парична глоба од 100 евра.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.