Црна хроника
Едно лице во животна опасност по сообраќајка кај Битола
Едно лице е во животна опасност, по судар во близината на Битола во саботата, во кој учествувале три патнички возила.
Сообраќајната незгода се случила во 15.20 часот на патот А3 Ресен-Прилеп кај Тунелот во Битола, помеѓу ПМВ„Форд Мондео“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(19) од Битола, ПМВ„Хјундаи Купе“ со битолски регистарски ознаки управувано од Ј.Е.(23) од Битола и ПМВ„Фолксваген Пасат“ исто така со битолски регистарски ознаки управувано од А.Д.(24) од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди опасни по живот се здобил А.Д., на кој му е укажана лекарска помош во КБ-Битола и е задржан на интензивна нега. Увид извршила екипа од ПС за БПС-Битола.
Во времето од 16.00 до 18.30 часот патот А3 Ресен – Битола бил затворен за сообраќај поради вршење на увид, истиот се одвивал низ градското подрачје. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.