Црна хроника
Фатен дилер на марихуана во скопско Маџари
Триесет и деветгодишен скопјанец е приведен откако бил фатен како препродава марихуана.
СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против М.С.(39) од Скопје, поради основи на сомнение дека неовластено набавил наркотична дрога марихуана која ја препакувал за улична продажба на уживатели од Скопје.За стореното кривично дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215, Судија на претходна постапка на сега пријавениот му изрече мерка притвор во траење од 30 денови.Пријавениот, кој досега петпати е пријавуван за недозволена трговија со марихуана, во текот на октомври гонава, од засега непознати лица, набавил поголема количина на марихуана, која препакувана за улична продажба ја чувал во својот дом во населба Маџари со цел да ја продава на уживатели од Скопје. Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека препакуваната дрога почнал да ја продава на уживатели од Скопје, превзеде опсежни мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.По потврдено сознанието, од страна на Единицата превземени се мерки и активности за утврдување на движењето на пријавениот и локациите каде врши препродажба на дрогата при што на 18 месецов, е забележан во населба Маџари, поточно пред угостителски објект, каде полициски службеници од Единицата му е извршиле легитимирање и личен преглед и при што кај него се пронајдени и одземени три полиетиленски паковки со марихуана спакувани во една поголема полиетиленска зипер кесичка.Пријавениот е приведен во службените простории на Единицата за недозволена трговија со дрога, а со наредба од Судија на претходна постапка истиот ден во неговиот дом е извршен претрес, при што се пронајдени и одземени една полиетиленска паковка и една кеса со марихуана со вкупна нето маса од 50,02 грама марихуана. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против директорка на градинка во Велес, при аплицирање за позицијата дала сертификат за англиски јазик со невистинита содржина
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против 44-годишната М.В. од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.
„Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.
Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата“, соопшти МВР.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.