Црна хроника
Лихвар му ги зел парите и куќата, и го натепал
Полицијата поднесе кривична пријава против А.Ј.(64) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ и „насилство“.
Имено, пријавениот, искористувајќи ја тешката имотна состојба на Д.Р.(65) од Куманово, управител на правното лице „Трик-Трак“ склучил договор во 2013 година за заем од 49.500 долари со месечна камата 1,8 отсто и неопределен рок на враќање. По ова, во септември 2013 година пријавениот несразмерно ја зголемил каматата на 6 отсто која оштетениот повеќе не можел да ја исплаќа.
Со немара да се порамнат пријавениот го навел кај нотар да склучат договор за отстапување на половина од куќата, која ја поседувал оштетениот, со што на 09.04.2015 година недвижниот имот бил продаден на синот на пријавениот, по што целосниот долг бил подмирен.
Но, на 06.10.2015 година околу 17.30 часот дошол во домот на оштетениот каде започнал расправија, по што и физички го нападнал удирајќи го во пределот на лицето за наводно неисплатена камата во висина од 6 отсто за периодот од јуни 2013 до 09.04.2015 година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.