Контакт

Црна хроника

Обвинетата за претепувањето на девојчето: Не е вистина дека ја отепавме, сама падна по скали

Објавено пред

Не е вистина дека ја тепавме, девојчето самото падна по скали, тврди невенчаната сопруга на Џемаил Браими, обвинетиот за убиството на тригодишното девојче Мевљана, која ќе одговара за соизвршителство.

dobivaj vesti na viber

„Тоа не е вистина, девојчето само си падна од скалите ние не ја отепавме, моите три златни деца година дена не ги гледам. Го чувавме тоа девојче, ние не ја малтретиравме. Ја чувавме една недела, боси, голи, болни ми ги донесе , со вошки во глава. Јас ги чував, не ги малтретирав, тоа не е вистина да е така моите деца ќе ги отепав“, изјави Јасмина Махмуд, невенчаната сопруга на обвинетиот.Судењето за убиство на девојчето беше одложено по вторпат, бидејќи обвинетиот не го прифати адвокатот што му е доделен по службена должност, бидејќи не избрале адвокат којшто ќе ги застапува.Иако судијката од минатото рочиште им даде рок од 17 дена да си изберат свој адвокат, обвинетите не го направиле тоа, па побараа повторно да се одложи судењето. Наводно, сопругата разговарала со адвокатот Звонко Давидовиќ и го избрале него да им биде адвокат, но тој не можел да дојде на рочиштето.Судијката го одложи процесот и ги предупреди обвинетите дека наредното рочиште ако немаат избрано повторно адвокат, нема да ги толерира и ќе им се суди со бранител доделен по службена должност, бидејќи  обвинетиот се товари за тешко кривично дело и бидејќи се прават огромни трошоци за рочиштето.Минатото рочиште се одложи бидејќи адвокатката којашто ја избрале, Светлана Тодоровска, немала пет години работно искуство, коешто, според новиот Кривичен законик е потребно кога му се суди на лице на кое му се заканува казна затвор од најмалку десет години до доживотен затвор.Обвинетиот се бранеше дека сопругата не можела да договори адвокат, бидејќи имала мало бебе, а тој не можел од притвор па дури и побара да се брани од слобода за да си договорел адвокат.Осомничениот за убиство е во притвор додека неговата невенчана сопруга има забрана да го напушта Скопје и забрана да ги види своите две малолетни деца кои се згрижени во старателско семејство.Двете семејства, кои биле соседи за време на убиството живееле заедно. Додека мајката била на работа, соседите го чувале убиеното девојче Мевљана и нејзиниот постар брат. Девојчето се измокрило на тепихот, па Џемаил го претепал до смрт со електричен кабел.Неколку години постариот брат на убиеното девојче и едно од децата на осомничените во својство на сведоци и во присуство на социјален работник на инспекторите им раскажале што виделе и чуле од страшната случка.По трагедијата и’ се јавиле и и’ рекле дека девојчето паднало по скали, но резултатите од обдукцијата покажаа дека смртта кај малото девојче била насилна. Повредите покажувале дека девојчето било често тепано. На неа имало модрици, крвавење, ѝ биле скршени ребрата од двете страни, а клучната коска на девојчето била скршена пред околу две седмици пред трагедијата.Смртта настапила како последица на шок од целокупната комбинација на повреди.Мајката на тригодишното девојченце, Садие Саитова, побара убијците на нејзиното дете да бидат во затвор „додека се живи“.„Ништо не ми кажаа кога се вратив од работа, ми велат дека паднало девојчето по скали, само тоа ми кажаа. Не живеевме долго заедно. Не знаев дека ја тепаат и претходно, на син ми му беше страв да ми каже. Сега живеам кај мајка ми и татко ми и браќата, тие ми помагаат, ама многу е тешко. Од судот ќе барам обвинетите да бидат во затвор додека се живи“, изјави Саитова. Судењето беше одложено за 25-ти декември./крај/мф/ффс

Извор: Фото: Телеграф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце

Објавено пред

Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Објавено пред

Радовишанец со месеци силувал малолетничка

dobivaj vesti na viber

Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија10 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија11 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија13 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија16 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ16 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија18 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија19 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија19 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија20 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија20 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија21 час

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...