Црна хроника
Печателе денари дома, потоа честеле во кафеана
– илустрација
Две 20 годишни момчиња од Македонски Брод, М.С. и А.Ј. фалсификувале банкноти од 1.000 и 500 денари, а потоа со овие пари честеле во кафеана.
Две 20 годишни момчиња од Македонски Брод, М.С. и А.Ј. фалсификувале банкноти од 1.000 и 500 денари, а потоа со овие пари честеле во кафеана.
Како што соопшти полицијата, лажните банкноти биле изработувани во домот на М.С.(20), а потоа ги користеле во кафе бар во Македонски Брод каде при плаќање на сметка употребиле лажни банкноти во апоени од 1000 денари.Фалсификатот го откриле сопствениците на угостителските објекти кои при внесување на промет во банка во Македонски Брод, забележале дека банкнотите се лажни, а случајот го пријавиле во полиција.Осомничените го признале делото и при претрес во нивните домови најдени се лажно изработени банкноти во апоени од 500 денари, како и опремата со која се печателе банкнотите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.