Црна хроника
При обид за грабеж во Дебар застрелани неколку лица, можно е да има жртва
Маскирана напаѓачи вооружени со огнострелно оружје околу 13 часот во вторникот се обиделе да извршат грабеж во златарници во Дебар кои биле лоцирани на главната, најфрекфентна улица во градот.
Маскирана напаѓачи вооружени со огнострелно оружје околу 13 часот во вторникот се обиделе да извршат грабеж во златарници во Дебар кои биле лоцирани на главната, најфрекфентна улица во градот.
Златарниците биле во сопственост на семејството Еребара, а инцидентот се случил пред поголем број граѓани, бидејќи раздвиженоста на луѓе била зголемена поради празникот Рамазан Бајрам.
Според очевидци, еден од сопствениците на дуќаните, М.Е. не им дозволил на маскираните разбојнци да го однесат златниот накит, по што врз него било пукано и тој се здобил со огнострелни рани.
Според некои од очевидците, во престрелката имало и едно загинато лице, а уште двајца други биле ранети, но официјални информации од надлежните органи за ваков биланс на настрадани се уште нема.
Макфакс дознава дека маскираните лица се одале во бегство кон периферијата на Дебар .
Полицијата трага по маскираната банда./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.