Црна хроника
Старец огробен во својот од вооружени напаѓачи
Три непознати лица од кои двајца вооружени со пиштол извршиле разбојништво над 83-годишен старец во неговиот дом во Гостивар.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во саботата во Гостивар на ул.„Седек Костоски, во куќата сопственост на Х.С.(83), при што разбојниците одзеле два лаптоп компјутери, рачен часовник и фотоапарат.
Разбојништвото лицата го извршиле на тој начин што влегле во куќата преку отворен прозорец, му ги врзале рацете и нозете на Х.С., главата му ја прекриле со марама, извршиле пребарување и ги одзеле горенаведените предмети.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.