Црна хроника
Такси удри во жардиниера и дрво-возачот и сопатничката загинаа на лице место
Таксист и жена која била во такси возилото загинаа на лице место во сообраќајка што се случила ноќеска во 3.30 часот на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, такси возило марка „мерцедес“, со коешто управувал триесет и петгодишен скопјанец, излегло надвор од коловозот, удрилo во жардиниера, а потоа во дрво. Возачот и триесет и седумгодишна скопјанка, која била во возилото, починале на лице место. Увид на лице место извршила екипа на СВР Скопје, а на местото на несреќата дошол и Јавен обвинител кој наредил телата на починатите да бидат однесени во Институтот за судска медицина за да се изврши обдукција над телата. Се испитува дали жената која била во таксито била патник, односно клиент или се познавале приватно со таксистот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.