Црна хроника
Вооружен мотоциклист уби тричлено семејство во Франција
Тричлено семејство е убиено во северна Франција кога вооружен мотоциклист отворил оган врз нивниот автомобил, по што побегнал од местото на злосторството, пренесуваат тамошните медиуми.
Според официјални претставници на француската полицијата, во пукањето во понеделникот биле убиени 70-годишен маж, неговата 69-годишна сопруга и нивната 40-годишна ќерка. Според извештаите, таткото и ќерката починале на самото место, додека сопругата починала подоцна во локалната болница.Инцидентот се случил доцна попладнето во близна на фреквентен плоштад во местото Гранд-Синт, во близина на Данкрик.Во врска со тројното убиство 40-годишен Французин е уапсен во близина на границата со Белгија, наводно по дојава за обид за самоубиство со предозирање со таблети./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

