Контакт

Daily news

Ако остане на власт, Орбан ветува заштита на националните интереси против странските сили

Објавено пред

 

Унгарските парламентарни избори во 2018 година ќе одлучат дали ќе остане на власт оваа влада, која се бори за заштита на националните интереси, или превласт ќе земат сили, кои им служат а странски интереси. Ова во саботата го кажа Виктор Орбан, цитиран од Ројтерс.

Орбан, чија десна партија е на власт од 2010 година, во последниве две недели се соочува со серија на масовни протести, бидејќи го протурка законот кој се однесува на активностите на Централно -европскиот универзитет во Будимпешта, основан од Џорџ Сорос.

Унгарскиот премиер одамна има критички однос кон структурите спонзорирани од Сорос. Владата сака да го заостри режимот и за невладините организации финансирани од странство. ЕУ, САД и невладините за заштита на човековите права остро го критикуваа новиот закон за образованието.

Во своето прво интервју, од почетокот на протестите Орбан за провладиниот весник “Модјар идок” изјави ваквите конфликти се дел од борбата за национален суверенитет.

“Во Унгарија националната влада е подложна на константен притисок и напади, па залог на сите избори е дали ќе имаме парламент и влада, кои служат на интересите на унгарскиот народ, или ќе служат на странски интереси”, рече тој.

Според него случувањата во моментов во Унгарија е проба за изборната кампања следната година. Според последните анкети неговата партија “Фидес” има поддршка од околу 30 проценти, а со тоа и сериозна предност пред опозициските партии.

“Ако прифатиме Брисел или други политички или финансиски центри да диктираат што да се случува во нашата земја, нема да имаме никакви конфликти”, рече тој во интервјуто. “Но, приказната на унгарскиот народ е историја на борби за слобода.”

Европската комисија, која често е во конфликт со Орбан, и се закани на Унгарија со правна постапка поради редица мерки, вклучувајќи го образовниот закон, опишувајќи го како спротивен на европските вредности за човекови права и демократија.

Според аналитичарите Орбан сака да ги консолидира националистички чувства со електорат пред парламентарните избори.

Во интервјуто унгарскиот премиер изјави дека неговата Влада, со големото парламентарно мнозинство, е решена да ја продолжи својата политика на немигранти и заштита на христијанската цивилизација.
“Владата има одлучност, не гледам ни најмал знак за повлекување”, рече Орбан.

Во интервјуто Орбан рече дека Сорос ја поддржува нелегалната имиграција, пренесе ДПА. “Целото прашање (за Централно-европскиот универзитет) се врти околу Џорџ Сорос, скриен од јавните погледи и земјчи ги во предвид нивните унгарски организации кои ја поддржуваат илегалната имиграција”, истакна унгарскиот премиер..Крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ56 минути

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Македонија2 часа

Османи: Предизвиците со Бугарија иако делуваат жестоко, тие се надминливи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги претстави приоритетите во неговиот мандат. Како прв и најважен приоритет Османи ги...

Свет3 часа

Се огласи Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија6 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија6 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет6 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија7 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет7 часа

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ8 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт8 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион21 час

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет22 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија23 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ1 ден

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија1 ден

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија1 ден

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија1 ден

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија1 ден

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Досие